Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денес e Св. Јован Златоуст: Се верува дека жените не треба да ги земаат ОВИЕ работи во раце
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денес e Св. Јован Златоуст: Се верува дека жените не треба да ги земаат ОВИЕ работи во раце
МАКЕДОНИЈА

Денес e Св. Јован Златоуст: Се верува дека жените не треба да ги земаат ОВИЕ работи во раце

Објавено November 26, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември.

Денеска е Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува.

По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград. Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Денес, Православната црква и нејзините верници слават празник посветен на Свети Јован Златоуст архиепиоскоп Константинополски, големиот светец и реформатор, кој е познат и како најпознат проповедник во историјата на црквата.

Тој е еден од Светите три архиереи кој го доби прекарот Златоуст заради неговите реторички способности.

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија, Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како единствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува.
Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник, се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава.

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мнозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го протолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу скапоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија.

Пред смртта, повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и светиот маченик Василиск (се слави на 22 мај), во чијашто црква ја прими светата Причест. „Слава Му на Бога за сè!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на свети Јован Златоуст главата почива во манастирот Ватопед на Света Гора, а телото во Цариград.

Како свештеник се посветил на службата за проповедање. Тој секојдневно проповедал на одредени теми, но особено на лична и социјална етика, бранејќи ги сиромашните и експлоатираните, осудувајќи ги богатите и оние што се на власт.

Свети Јован Златоуст имал голема почит кон Светото писмо и светата литургија. Во својата социјална етика, Свети Јован Златоуст докажал дека љубовта кон ближните и сиромашните е вистинска тајна.

Народни верувања за овој ден:

Тој важи за еден од најучените светци, па се верува дека на овој ден вреди да се земе книга и да се прочита барем дел од неа. Во некои делови сè уште се верува дека на овој ден, жените не треба да земаат волна, конец или игли во рацете.

А во недела, на 28 ноември, започнува Божиќниот пост, втор по должина во православниот календар. Ќе трае шест недели до 7 јануари, сè до празникот во чест на раѓањето на Исус Христос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Естетски хирург го тужи Роналдо за 48.000 евра
Следна Статија Скопје и утрово на листата на најзагадени градови во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Правдата излезе на виделина, го штитев јавниот интерес

Правдата излезе на виделина, во судската постапка беа презентирани факти и аргументи, присуствував на рочиштата, го бранев интересите, правдата победи,…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Криминалец се прикривал со униформа, вели Тошковски за апсењето на Сарамаков

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска пред медиумите одби да споделува детали од истрагата за осомничениот Ангел Сарамаков, самостоен…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје е во десетте најзагадени градови во светот

Скопје е меѓу десетте најзагадени големи градови во светот, според листата на IQAir. Во текот на денов, главниот град постојано беше…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски раскажа за најтешкиот ден во неговиот живот: Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни, немав време за долго размислување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го откри најтешкиот ден во неговиот живот – трагичниот 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ во…

May 12, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?