Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот
ЗДРАВЈЕ

Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот

Објавено October 26, 2024 21:36
Сподели
Сподели

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути повеќе за спиење, но и порано ќе се стемнува во вечерните часови поради приближувањето на зимската краткоденица.

Според мнозина лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека човековиот мозок има „биолошки часовник“, познат и како „деноноќен ритам“, којшто работи во 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за час помалку или час повеќе за спиење, тоа го изместува циклусот на ноќен одмор и на некои може луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Следствено, нарушениот сон води до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците.

Се верува дека тоа е причина за своевидно нарушување на спиењето и предизвикува тн. социјална нерамнотежа во спиењето. Оваа појава се јавува како последица на десинхронизација на внатрешниот и надворешниот ритам на будност и сон. Притоа луѓето обично имаат несоница, прекумерна поспаност или и двете, што обично завршува откако „внатрешниот часовник“ ќе се прилагоди, т.е. „ќе се ресетира”.

Според некои податоци, во деновите по промената на времето има општо зголемен стрес кај луѓето и повеќе повици за итна помош. Истражувањата покажале и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето.

Исто така, треба да се истакне и дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто доаѓа од Сончевата светлина. Многумина доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на оваа состојба вклучуваат постојано лошо расположение, губење задоволство или интерес за нормалните секојдневни навики, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното.

Истражувањата покажаа дека „социјалната нерамнотежа во спиењето“ предизвикува дијабетес, ја зголемува и опасноста од срцеви заболувања и мозочен удар, го влошува расположението, вклучително и на можна депресија и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Според стручњаците, тоа може дури и да го намали животниот век.

„Доказите го поддржуваат усвојувањето стандарден систем за времето во целата година што се усогласува со деноноќниот ритам на луѓето и обезбедува здравствени придобивки“, се вели во извештајот на Американската академија за медицина на спиењето.

Поради овие последици, оваа институција ја повика Владата на САД да го откаже менувањето на времето. Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година, но Претставничкиот дом ја поништи таа одлука.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2025 година. Ноќта од 29. кон 30 март го поместуваме часовникот за еден час нанапред и се враќаме на летното сметање на времето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тринаесетгодишно девојче ја избодела својата седумгодишна сестра
Следна Статија Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Меџити: Вкупно 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле…

February 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Аблација за коморна тахикардија ќе се прави на Клиника место во странство

Аблација за коморна тахикардија прват во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја…

November 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Со заеднички дијалог со Синдикатот го унапредуваме статусот на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави учесниците на синдикалната школа, во организација на Самостојниот Синдикат на вработените во универзитетските…

September 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Велес: Гинекологот и ја сошил матката со мочниот меур – ќе и плати 15.000 евра

Гинеколог од Велес на млада пациентка и ја сошил матката со мочинот меур за време на едно породување кое го…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?