Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори
ПОЛИТИКА

Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

Објавено November 11, 2024 19:40
Сподели
Сподели

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на поразличен резултат во моментов. Барањето за предвремени парламентарни избори наликува на гол популизам. Видниот член на социјалдемократите и поранешен директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за Алфа вели СДСМ е силна, но се сомнева колку актуелните раководни структури имаат моќ да ја консолидираат партијата.

-Во моментов за жал не можам да видам дека имаме некаков тип на иницијатива, дека имаме некаква новина или дека имаме нешто што ново би понудиле на избирачите. Само шест месеци повторно ќе кажам по изборите кои што завршија, на начин кој што завршија. Не мислам дека раководството на СДСМ, актуелното раководство има оправдана причина да бара избори или да се надеваме за некаков подобар резултат на тие избори, освен купување време, изјави Деспотовски, пренесе телевизијата.

Деспотовски вели дека ситуацијата била слична и во 2006-та, кога СДСМ ја загуби власта, но тогаш партијата многу побрзо од сега се консолидирала.

-Впечатокот кај јавноста, кај луѓето, кај членовите на партијата со кои што и јас комуницирам прилично редовно е дека работите се движат со некоја ај да кажаме забавена динамика. Ќе направам една паралела со сличен процес кој што се случуваше 2006-та година, кога СДСМ исто ги загуби изборите. Во период од неколку месеци имаше и отчетен конгрес, се изгласа недоверба на тогашниот претседател, се изгласа ново раководство, така што партијата застана релативно брзо на нозе, збориме за период од два, три, четири месеци, изјави Деспотовски.

Освен Венко Филипче кој што беше избран за претседател, СДСМ во моментов се уште нема раководство. Новите структури треба да се изберат на 24 ноември на конгрес.

-Тие наши партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, меѓутоа не би требало да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата. Проблемот настанува колку актуелниот партиски врв навистина е подготвен да се соочи, навистина е подготвен да извади нешто ново, изјави Деспотовски, пренесе АЛФА.

Деспотовски беше и кандидат за претседател на СДСМ, на последните внатрепартиски избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време
Следна Статија Голтнал две пакувања дрога кога забележал полицајци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

Пецаков најавува нови капитални проекти, дигитализација и еко-иницијативи за Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, денеска претстави нова изборна програма со визија за модерен, дигитален, економски…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни

Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени…

February 1, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Ароганцијата на некои во ВРЕДИ е одвратна

„Ја прифатив својата одговорност и му честитав на победникот затоа што и во овие околности сакам да оставам зад себе…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?