Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
СПОРТ

Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години

Објавено January 11, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Манчестер Јунајтед одлучи да го продолжи договорот со Амаду Диало, задржувајќи го младиот играч од Брегот на Слоновата Коска до 2030 година.

Најтрофејниот англиски клуб има големи проблеми со потпишување со потенцијални ѕвезди, бидејќи повеќето од засилувањата по заминувањето на Сер Алекс Фергусон беа големи неуспеси. Таму се изгубени многу пари, а Јунајтед се повеќе станува гробница за фудбалските таленти. Сепак се чини дека Амад Диало може да биде еден од најголемите адути на новиот тренер Рубен Аморим.

Договорот беше потпишан на уште пет години, а 22-годишниот фудбалер го заслужи тоа. На „црвените ѓаволи“ им се приклучи во 2022 година од Аталанта, а оваа сезона му беше убедливо најуспешна. На 18 натпревари во Премиер лигата има шест асистенции и три гола, од кои последниот за израмнувањето во дербито со Ливерпул.

Јунајтед се мачи оваа сезона. Тие се на 13. место во англиското првенство, а во последните два месеци забележаа само две првенствени победи, од кои една во градското дерби со Сити каде Диало го постигна решавачкиот гол.

Амад Диало е потенцијално првиот чекор во создавање на нов, компетентен тим под тренерската палка на Рубен Аморим.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“
Следна Статија Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула

Најдобриот македонски спортист за 2024 година, Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула на ВАКО Про до 88,6 килограми…

May 25, 2025
СПОРТ

Куња е првото засилување за Манчестер јунајтед

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го официјализираше трансферт на напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња. „Црвените ѓаволи“ решија што побрзо да ја…

June 2, 2025
СПОРТ

(Видео) Брутална партија на Јокиќ, Гордон херој, Холмгрен трагичар

Кошаркарите на Денвер Нагетс, во спектакуларен натпревар, се вратија по негативата од 14 поени и ги победија Оклахома Сити Тандер…

May 6, 2025
СПОРТ

Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години

Новак Ѓоковиќ убедливо го совлада чешкиот тенисер Томаш Махах (6:1, 6:4, 6:4) во третото коло на Австралија опен и се…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?