Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски

Објавено October 27, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.

Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Единствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање – рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски.

Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност.

Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини во броба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да не натераат да работиме под пристиок, дополнително ме мотивира – рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Од опозициската СДСМ денеска повторно побараа оставка од директорот на АНБ затоа што, како што посочија, тој имал фалсификуван сертификат за англиски јазик.

Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка. Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност – рече Методија Илиевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Освен оставка од Христовски, СДСМ бара итна реакција од Антикоруцпската комисија и оставка и одговорност и од премиерот Христијан Мицкоски за партизирација на институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет.

Бугарски Фактор соопшти дека проверката на нивните новинари покажала дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и издавање на меѓународно признат сертификат за ТОЕФЛ, а според регистерот на училиштата во Бугарија нема ни училиште со називот Language School Julia Cо.LTD.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор
Следна Статија Зеленски објави вознемирувачко видео: Русија фрли 1.100 бомби врз Украина во изминатата недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Цијанид во водата во Крива Паланка нема, утврди Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна середина утврди дека нема цијанид во водата на Крива река во Паланка, потврди директорката на инспекторатот,…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”

На продуктивниот работен состанок во просториите на Општина Кисела Вода присуствуваше Џовани Ботини, извршен директор на италијанската компанија “SYSTEMATICA”, како…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кога хуманоста ќе те чини 150 евра – дарувањето крв на скопјанец му донело казна од ПОЦ и трошоци за извршител

Кенан Абди, скопјанец кој досега дарувал крв повеќе од 20 пати, сподели на социјалните мрежи искуство што го стави во…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на општината

Берово имаше можност да го угости светски познатиот актер Милош Биковиќ. Сепак, неговата посета не беше само од пријателски карактер,…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?