Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дојдоа новите полициски автомобили
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дојдоа новите полициски автомобили
МАКЕДОНИЈА

Дојдоа новите полициски автомобили

Објавено October 16, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи, на министерот Панче Тошковски од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Гордана Кожуваровска му беа предадени возила моторни возила наменети за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. Две моторни возила се од типот Dacia Duster и четири моторни возила Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.

„РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност во соработка со МВР, денеска овозможи да се зголеми обемот на возила којшто го имаме на располагање во министерството. Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.

РСБСП ги набави возилата и опремата во согласност со обврската дел од овие средства да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата
Следна Статија Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши е во стабилна состојба: Со болки во стомакот бил хоспитализиран, не му е закажана операција

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. -Тој околу полноќ бил хоспитализиран…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени

Според нив, камерите не простуваат, но и не дискриминираат – секој прекршок се третира исто, без разлика кој е зад…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни четири пожари, под контрола три

На ден 13.07.2025 година, до 12:15 часот, вкупно пожари на отворен простор се 14, информираат од ЦУК. Активни: 4Локализирани: 2Под…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?