Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца
ПОЛИТИКА

„Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца

Објавено October 5, 2024 20:15
Сподели
Сподели

Зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете, како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе, финансиска поддршка за мајките кои се вратени од породилно отсуство, ин-витро постапка со можност секоја жена да добие до шест бесплатни оплодувања, „дом за млади – купи куќа за младите“, поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца и програма „Добродојдовте дома“ за поддршка на лицата кои ќе се вратат од странство, како и за стимулирање на останување во државата, односно спречување на одливот на мозоци, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

На прес-конференција по повод сработеното во првите 100 дена, Лимани информира дека Планот за демографија предвидува мерки за поттикнување на наталитетот.

-Сто дена Влада, значи сто дена посветеност. Затекнавме закочени проекти, неисплатени средства, демотивирани вработени, но, пред се, разочарани граѓани од целокупната состојба во државата. Сто дена не се многу, но во овој период направивме значајни промени кои го подобрија животот на граѓаните и тука нема да застанеме. Нашата цел е да ги задржиме младите дома, да ги поддржиме семејствата, да обезбедиме достојна старост за највозрасните сограѓани и да обезбедиме поддршка за ранливите, нагласи министерот.

Тој потсети дека околу 340 000 пензионери на 1 октомври добија за 2 500 денари повисоки пензии, а на први април ќе добијат, рече, уште толку. Се осврна на поддршката за младите и општините, на инвестициите во градинките, центрите за лица со попреченост и останатите проекти.

-Владата обезбеди 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините. Пристигнати се 357 проекти од околу 80 општини. Дел од нив се и за градинки и центри од областа на социјалната заштита. Во изминативе 100 дена поставивме камен-темелник на две нови градинки во Општина Бутел, во вредност од 100 милиони денари и во Општина Гази Баба, населено место Трубарево, во вредност од 19 милиони денари. Почнавме со градежни активности за доградба на објектот „Изворче” при градинката “Срничка”, Општина Аеродром, инвестиција вредна 120 милиони денари. Во завршна фаза се измените на Законот за детска заштита што ќе овозможи добивање лиценци за негуватели и воспитувачи и ќе се отвори простор за вработување над 800 лица, потенцира Лимани.

Според него, пуштена е во употреба доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, завршени се и градинките во населените места Јегуновце, Теарце, Тетово, Липково и Шуто Оризари, а во завршна фаза се и градинките во Општина Чаир, Прилеп, Битола и Св.Николе – с.Ерџелија. Градежни работи, дополни, течат во уште 13 градинки.

-Покрај инвестициите во Детски Градинки, инвестираме и во центри за лица со попреченост, како и домови и центри за највозрасните лица. Почната е изградба на дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во Општина Кавадарци, проект вреден над 40 милиони денари, а тече и процесот на реконструкција и адаптација на крило во дом за стари лица во Берово, во вредност од 11 милиони денари. Почнавме постапки за нови четири објекти и во тек е комплетирање на документација и склучување на договор за изведба. Два од нив се за вон семејна заштита на повозрасни лица во Крива Паланка и Кавадарци, и два за лица со попреченост во Боговиње и Македонски Брод. Опфатени се сите делови на земјата, се инвестира онаму каде што општините изразиле интерес за потребите на своите жители, истакна министерот.

Грижата за младите, посочи, се потврдува со поставување неколку стратешки цели: зголемено учество во носење одлуки на локално и централно ниво, младинска работа преку подготовка и донесување закон за младинска работа и зголемување на бројот на отворени сервиси за млади во општините, поддршка на млади талентирани лица, поддршка на младите во дeлот на нивното вработување, и на ангажман во насока на целосно спроведување на Законот за младинско учество и младински политики.

Според Лимани, во завршна фаза е реконструкцијата на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, Топанско Поле кој се трансформира во Ресурсен центар за социјални услуги.

-Во изминативе 100 дена се склучени нови 10 договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги, односно услуги во домот и услуги во заедницата. Министерството обезбедува средства за услугите по завршувањето на финансиската поддршка со грантот од Светска Банка. Во рамките на јавни установи за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение со финансиска помош од Светска банка и Европската унија направен е предлог проект за реконструкција за дел од установата за отворање на Советувалиштен центар за деца во ризик. Одобрена од Европска Комисија е ИПА 3 Оперативна програма „Човечки капитал“, каде влегуваат „Гаранција за Млади“, вработувања на ранливи категории, социјално претприемништво, социјален дијалог, социјални услуги, социјално домување. Грант од ЕУ, информира министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло
Следна Статија Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Попов: Владеењето на СДС ги доведе младите во тотална апатија

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше пратеникот и претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов, кој…

June 6, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: 9 милиони евра завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче

Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на…

June 10, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Лукровски: Ветувам нови монтажни гаражи во Карпош 4 со над 120 нови паркинг-места

„Ве поздравувам од моето маало од Карпош 4. Овде сум 52 години, ништо не е променето со овој паркинг откога…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски извади документи против Левица и Апасиев: Kупиле деловен објект од 295.000 евра по само 721 евро за квадрат?

Премиерот Христијан Мицкоски на собраниска говорница денеска покажа документи поврзани со партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев. Мицоски тврди…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?