Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја
ЕКОНОМИЈА

Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја

Објавено October 4, 2024 14:21
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција кажа дека ЕСМ е во многу лоша состојба и ќе бидат потребни финансиски средства за справување со грејната сезона. Министерката дополни дека тоа е причината зошто од септември месец се набавуваат големи количини електрична енергија.

Следните седум дена ќе правиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија. Сето тоа зависи и од хидрологијата. Во моментов акумулациите се полни само со 24 отсто што воопшто не е во ред, меѓутоа може да се наполнат акумулациите ако ноември е дождлив. Што се однесува за финансии – со премиерот имаме дискутирано и тука, иако не е финализирано, имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме разговарано како, но ќе бидат домашните банки – рече Божиновска.

Министерката рече дека кон ЕВН има голем долг кој не е платен во изминативе 3 години, но дека се договориле тој да се исплаќа повеќе години.

Изминатите три години не е платен ниту денар на име субвенционирана струја. Тоа што го гледавме на сметките дека владата го покрива како трошок на граѓаните не е платено. Сметката стигна сега. 60 милиони евра е долгот во однос на ова што го имаме. Разговаравме со ЕВН за долгот. Тие се свесни за состојбата на нашиот буџет кажаа дека ова не е нешто што треба да се врати за една или две години и дека се спремни да дискутираме. Знаат дека тоа ќе биде долгорочно – додаде Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве како е лоциран лидерот на Хезболах: Раката при ракување му била намачкана со супстанца што Израел лесно можел да ја лоцира
Следна Статија Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот, се шират лажни вести за личен бенефит

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ,…

May 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од утре поскапо парно

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука со…

February 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина

Во јавноста се појавија одредени шпекулации во врска со предложените измени на Законот за минерални суровини. Сметаме дека е важно, јасно, прецизно…

April 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени – повратна карта ќе чини 150 денари

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека најдоцна до јуни годинава ќе биде пуштена железничка линија на релација Прилеп-Битола-Жабени. Повратна…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?