Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков
ПОЛИТИКА

ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков

Објавено October 10, 2024 15:10
Сподели
Сподели

На новинарско прашање – како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека тоа било тежок удар врз меѓуетничката стабилност и дали ВМРО-ДПМНЕ го усогласи законското решение со ВРЕДИ за правична застапеност, на денешната прес конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, рече дека се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’.

-Таа во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет, ќе се направи брана од политичкото влијание“, ова го пишува на страница 47 од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, донесена во време кога ДУИ беше владејачка партија, рече Лефков.

-ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа. Коментар за балансерот дадоа и од ЕК, кои кажаа дека паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност.

И ние јасно констатираме и се согласуваме со ЕК дека балансерот е злоупотребен. Што се однесува до Бадeнтерот, тој е уставна категорија. Рамноправната застапеност, треба да се реши со законски механизам, но факт е дека балансерот е злоупотребен. Нашиот став за балансерот го знаете од поодамна. Да тој е злоупотребен и тој е дел од скрининг процесот на ЕУ. И затоа кога испраќаме пораки не може да се однесуваме дека нешто што ни одговара во ред е, а тоа што не ни е да се однесуваме како мали деца, не може така, посочи Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минчев за укинувањето на „балансерот“: Министерството не навлегува во содржината на одлуките, туку истите ги спроведува и применува
Следна Статија Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: За Владата да доживее вистинска реконструкција, прво треба да се реконструира премиерот

За оваа влада да доживее вистинска реконструкција прво би требало да се реконструира премиерот – коментираат од опозицискиот СДСМ додека…

June 22, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче од 30. Конгрес на СДСМ: Ароганцијата ќе биде закопана длабоко во земја додека сум јас претседател

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?