Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Eве како Турција ја згази Македонија (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Eве како Турција ја згази Македонија (ФОТО)
СПОРТ

Eве како Турција ја згази Македонија (ФОТО)

Објавено June 1, 2026 22:34
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари.

Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и овој пат беа во подредена улога.

Турција, која се подготвува за претстојното Светско првенство, од самиот почеток на дуелот на исполнетиот стадион „Шукру Сарачоиглу“ тргна офанзивно и откако Узун ја погоди рамката на голот на Димитриевски во 13 секунда, Кокчу веќе во следниот напад го совлада македонскиот голман.

Првиот удар кон противничкиот гол го упати Атанасов во 15. минута, а по изведениот корнер Турција искористи грешка на Велковски на противничката половина и организираше контранапад што го реализираше Узун за водство од 2-0 во 16. минута.

Домашната репрезентација пропушти идеална шанса да ја зголеми предноста по половина час игра кога ударот на Акгун заврши сантиметри над голот на Димитриевски.

Завршницата на првото полувреме донесе по една шанса на двете страни, откако Алиоски во 45. минута од непосредна близина не успеа да го совлада турскиот голман, додека Ајдин биеше непрецизно на спротивната страна.

Второто полувреме, во кое Седлоски ги внесе на теренот Серафимов, Ристовски, Муслиу, Манев, Емини и Чурлинов, почна како и првото, со целосна офанзива на Турците и откако Димитриевски го одбрани обидот на Ајдин во 48. минута, беше немоќен да спречи водство на домаќините од 3-0 во 53. минута кога беше совладан од Ѓул.

Демирал во 65. минути не искористи идеална шанса да го зголеми впдството на Турција кога од само пет метри биеше над голот, но само пет минути подоцна тоа му успеа на Јилмаз.

Турција до крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси, но сигурен на голот беше Талески, кој заедно со Додев дебитираа во завршните 30 минути во националниот дрес.

Гостинските натпревари против Турција и БиХ беа последна подготовка за македонските фудбалери пред есенските настапи во Б дивизијата во Лигата на нации во групата со Швајцарија, Шкотска и Словенија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Адвокатот Јанаки за битолчаните кои ловеле педофили: Наместо да ги гонат, треба да ги пофалат
Следна Статија Германските навивачи се спремни за СП (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против…

October 2, 2025
СПОРТ

Договорено: Елмас се враќа во Наполи

Елиф Елмас по 18 месеци се враќа во Наполи. Трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, објави дека Наполи и Лајпциг ги договориле…

August 29, 2025
СПОРТ

Олимпик Лион исфрлен во втората француска лига

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион е исфрлен во втората француска лига поради неусогласеност на финансиите на клубот со прописите на натпреварувањето.…

June 25, 2025
СПОРТ

Вимблдон почна со сензации: Елиминирани Коко Гоф и Зверев

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?