Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните
МАКЕДОНИЈА

Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните

Објавено October 19, 2024 12:00
Сподели
Сподели

„Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и од таму одбија да ми ги вратат со банални објаснувања – документите не се разгледани (пликот не е отворен) ниту, пак, се пратени до градоначалничката на град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна“, вели поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

„Без разлика на сите отежнителни околности со кои се соочувам во моментот, јас не се откажувам од она за што се залагам. Сакам да ги известам посетителите и моите колеги од Зоолошката градина дека мојот следен чекор е формирање фондација со име ‘За европска зоолошка’, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени.

Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди овозможувајќи соодветни услови за живеење на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените – какви што впрочем заслужуваат, а во моментот ги немаат“, вели Галетановски и додава:

„Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања во соработка со релевантни европски институции и организации. Воедно, ќе бидат активирани многу домашни и странски фирми и донатори, кои ќе помагаат со финансии за потребите на ЗОО Скопје. Од редот на вработените во ЗОО Скопје ќе назначам и ополномоштам вработен, кој ќе има увид во финансиите, со право да управува со нив.

Сакам да им се заблагодарам за поддршката и да ги охрабрам моите колеги од институцијата, кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци – да се борат за своите права и заслуги исто како што се боревме заедно! Никој не смее да се изживува со нив и да врши мобинг. Ги повикувам, доколку имаат потреба од правен совет, мојот адвокат секогаш ќе биде на располагање за какво било прекршување на Законот за работните односи со цел да бидат заштитени.

Департизацијата на Зоолошката градина Скопје останува моја прва и единствена цел и останувам да се борам за тоа!“, вели Галетановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Др Даниловски: Како е можно лекар-специјалист и келнер да имаат иста плата
Следна Статија Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Илон Маск сака да инвестира во Аргентина преку своите компании

Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека сака преку своите…

September 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Доби покана: Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари, потврди вицепремиерот Александар Николоски.Тој смета дека…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети женското одделение во КПУ Идризово, каде оствари средба со затвореничките кои работат во шивачката…

December 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?