Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница
ХРОНИКА

Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница

Објавено December 6, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.

Како што посочи, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.

Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот. Можно е и да има повеќе деца, но ова е она што ние го имаме како податок за механизам на повреда, вели Настов за МИА.

На новинарско прашање за каков предизвик станува збор, тој објасни дека станува збор за испружање на рацете во вид на „супермен“ и потоа паѓање на децата.

Се испружаат рацете како ликот „супермен“. Групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Тоа е од она што мене ми објаснувале. Не сум видел и не можам да кажам точно. Има и машки и женски, деца, додаде Настов.

Тој апелира да не се прават во иднина ваквите работи, затоа што може да завршат со посериозни последици.

За среќа, од овие 11 деца, двајца се само со скршеници на рацете, другите се со набиеници. Но, ако ова продолжи, може да има пострашни повреди. Доколку детето падне на глава, ќе има потешки повреди, додаде Настов.

Видео со ваков предизвик од дворот на средното училиште ГУЦ „Здравко Цветковски“ во Скопје е објавено на „Скопје1“

View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесено обвинение: Со палење на македонското знаме предизвикале чувства на омраза и раздор
Следна Статија Бугарското вето за Србија е поради добрите врски со Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

42-годишен битолчанец грабнал девојка и ја тепал во викендичка

Жител на Битола доби кривична пријава откако киднапирал 24-годишна девојка ја одвел во негова викендичка во околината на градот, каде…

October 25, 2024
ХРОНИКА

Видео од експлозијата на бомба во нападот врз Раде Штекли

На социјалните мрежи се споделува видео снимка од моментот кога експлодирала бомбата пред домот на Раде Трајковски-Штекли во Керамидница. На…

November 17, 2024
ХРОНИКА

Прв случај на сериски убиец, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за четири убиства и две во обид

Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата…

May 14, 2026
ХРОНИКА

МВР го уапси мажот кој ја нападна својата сопруга во скопски Центар

По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?