Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит
МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

Објавено December 30, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој во изјава за јавноста кажа дека знаел за локацијата на Артан Груби.

Според Фетаи, обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети.

„Али Ахмети изјави дека има сознанија за локацијата на Артан Груби, по кого има меѓународна потерница. Јавното обвинителство, врз основа на оваа јавна изјава, има законска обврска да го повика г. Али Ахмети да го праша каде се наоѓа лицето кое го гони правдата на државата“, напиша Фетаи.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека Артан Груби не е во бегство, бидејќи се наоѓа на албанска територија, давајќи му етничка конотација на бегството на поранешниот втор човек на партијата. Ахмети вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, „но правдата не смее да биде одмаздничка и селективна“.

„Господинот Груби, според информациите што ги имам, не сум го сретнал, но е во ред. Неговата локација е секако на албанска територија, тоа е процес на кој мора да има епилог. Тој не побегнал од Македонија, подготвен е да се појави пред органите на правдата за да ги почитува законите, но не во одмазничка и селективна правда“, рече претходно Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор
Следна Статија Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

СДСМ прашува: Koj е сега предавник?

По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа (иако ВМРО не сакаше да гласа за тоа), сега…

May 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Google Street View повторно на улиците на Македонија

Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски пред пратениците откри за што се разговорало во Давос

Во текот на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање упатено до…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места…

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?