Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка
ЕКОНОМИЈА

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Објавено December 18, 2024 17:10
Сподели
Сподели

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Десет години успешна стратешка соработка меѓу Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП) се одбележаа на настанот на кој, меѓу другите, присуствуваa премиерот Христијан Мицкоски, Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал, Костас Салварас и Генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), Иван Костиќ.
Присутните заклучија дека се исполнети основните цели на партнерството – остварување заедничка корист за двете компании и создавање цврста основа за иднината на македонската тутунска индустрија. Посебно беше нагласена целта за продолжување на успешната соработка, особено во делот на иновациите и инвестициите во нови технологии.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека изминатите 10 години се пример за позитивното влијание што силните меѓународни соработки можат да го имаат врз економијата и заедницата.

„Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана. Градењето на партнерски односи е нешто на коешто сите ние треба заедно да работиме и за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам со иста динамика да продолжат развојот, инвестициите и производството.“ изјави Мицкоски.

Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал Костас Салварас, пред присутните истакна дека соработката помеѓу Филип Морис Интернешнaл и Тутунскиот Kомбинат Прилеп овозможи успешно реструктурирање и трансформација на ТКП, со што комбинатот стана повторно успешна компанија, додавајќи дека целта е да се продолжи и да се прошири успешната соработка преку иновации и инвестиции во нови технологии.

Генералниот директор Костиќ во својот говор се осврна на досегашните успеси од партнерството: “Компанијата ФМТКП учествува во државниот буџет со повеќе од 120 милиони евра годишно. Во изминатите десет години компанијата се позиционираше на врвот на македонскиот пазар во сите сегменти на работењето, резултурајќи со отпочнување на извоз на 9 пазари, меѓу кои и земји од Европската Унија. Паралелно, продолжуваме да ја градиме иднината без чад, базирана на научно поткрепени и иновативни решенија, но остануваме посветени и на остварување на нашите заеднички цели со стратешкиот партнер Тутунскиот Комбинат Прилеп.”

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата
Следна Статија (ВИДЕО) Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието – не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави дека очекува убава вест за Македонија од САД – уште денес

Премиерот Христијан Мицкоски денес од Тетово најави дека очекува убава вест за Македонија од САД – уште денес. Со нашиот…

April 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со амбасадорот Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во…

June 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Скенирате фискални? Еве кога ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“

Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?