Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен: Црна Гора во ЕУ до 2028 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Фон дер Лајен: Црна Гора во ЕУ до 2028 година
БАЛКАН

Фон дер Лајен: Црна Гора во ЕУ до 2028 година

Објавено October 26, 2024 21:59
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Подгорица изјави дека ЕУ е „цврсто“ со Црна Гора, чиешто пристапување во ЕУ до 2028 година е „амбициозна цел кон која треба да се работи“.

Taа изрази уверување дека Црна Гора значително напредува на својот европски пат и успешно затвора поглавја во преговорите.

Таа се сретна со премиерот Милојко Спајиќ и претседателот Јаков Милатовиќ.

„Црна Гора напредува во своите европски интеграции. Сега затвораме поглавје по поглавје“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на Икс.

Таа истакна дека се очекува земјата да добие над 380 милиони евра од Планот за раст за Западен Балкан, со 27 милиони евра достапни до крајот на годината.

„Имате причина да бидете горди на постигнатото; до крајот на годината можете да затворите четири поглавја“, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата по средбата со Спајиќ, како што пренесува црногорската национална ТВ РТЦГ.

„Подготвени сме да понудиме секаква помош“, додаде таа.

Фон дер Лајен започна својата турнеја низ Западен Балкан на 23 октомври, посетувајќи Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Република Северна Македонија и Косово. Црна Гора е нејзината последна дестинација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини
Следна Статија Барселона среде Мадрид го декласира Реал (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Шест ранети во пукотница во Подгорица, осомничениот е уапсен

Синоќа во центарот на Подгорица, Црна Гора пред ресторан се случила пукотница во која, според локалните портали, се ранети шест…

June 9, 2025
БАЛКАН

Град со големина на орев ја погоди Љубљана – покриви откорнати, дрвја искршени, штети и на земјоделските парцели (ВИДЕО)

Централна Словенија и главниот град Љубљана беа зафатени од силна бура проследена со разурнувачки град, пренесуваат словенечките медиуми. Најпогодени се…

August 24, 2025
БАЛКАН

„Оди раѓај“: Исклучен грчки пратеник за навредлив коментар кон пратеничка

Димитрис Киријазидис, пратеник на владејачката „Неа Демократија“ е исклучен од пратеничката група на оваа партија откако тој упати навредлив коментар…

March 9, 2025
БАЛКАН

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Познатиот германски боксер и европски шампион, Марио Дасер (36) е ранет во пукотница во Белград. Престрелката се случила утринава околу…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?