Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Фото и видео) Полицијата во неколку претреси пронајде над 75 илјади пиротехнички средства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (Фото и видео) Полицијата во неколку претреси пронајде над 75 илјади пиротехнички средства
ХРОНИКА

(Фото и видео) Полицијата во неколку претреси пронајде над 75 илјади пиротехнички средства

Објавено December 21, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско.

При претресите се пронајдени 75.889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, велат од МВР.

Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вчера, пак, на градскиот плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Б.(48) од Кавадарци, затоа што при извршениот преглед кај него и во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени разни видови на пиротехнички средства. Потоа, по издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, како и во објект на градскиот плоштад кој го користел, каде исто така биле пронајдени и одземени разни видови на пиротехнички средства. Вкупно биле одземени околу 9.100 разни видови на пиротехнички средства. По комплетирање на целокупната документација, во координација со јавен обвинител, против Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ казниво по чл. 396 од КЗ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра
Следна Статија Мемеди: Починатото седуммесечно бебе било во добра здравствена состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина Феликс, кучето кое крвнички беше претепано и малтретирано од постар скопјанец

Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Струмичанец пукал со воздушна пушка и погодил дете

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.М.(65) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство…

December 14, 2025
ХРОНИКА

Големи апсења во Куманово и Скопје

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје денеска…

July 4, 2025
ХРОНИКА

И Васко Ковачевски е дел од истрагата за мазутот со Капушевски и Јахоски, вмешани се и роднини на Али Ахмети

Во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, поврзана со…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?