Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фрлена димна бомба во собранието на Црна Гора на седница на уставниот одбор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Фрлена димна бомба во собранието на Црна Гора на седница на уставниот одбор
БАЛКАН

Фрлена димна бомба во собранието на Црна Гора на седница на уставниот одбор

Објавено December 18, 2024 10:40
Сподели
Сподели

На вчерашната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба.

На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна Гора по налог на претседателот на парламентот и лидерот на просрпската десница, Андрија Мандиќ.

Со други зборови, суспензија на изборните процеси и блокирање на политичкиот систем, имајќи предвид дека најавеното пензионирањето на судиите на Уставниот суд е кршење на законот и Уставот – изјави Андрија Николиќ, шеф на пратеничката група на ДПС.

Со тоа, нивната функција престанува врз основа на Уставот – рече Божовиќ на седницата на Уставната комисија.

Пратеничката на ДПС и членка на Одборот, Александра Вуковиќ Куч, истакна дека претседателката на Уставниот суд не е самата институција и порача дека нема да дозволи да се реализираат намерите што ги имаат.

Претходно, претседателот на Здружението на правници на Црна Гора, Бранислав Радуловиќ, предупреди дека, доколку Уставната комисија „експресно“ ги пензионира тројцата судии на Уставниот суд, може да дојде до блокада во функционирањето на политичкиот систем.

Според него, тоа би го оневозможило одржувањето на локалните избори во Никшиќ, како и евентуално повторените избори во Подгорица или Будва.

– Сето ова може да биде предупредување дека не станува збор само за различно толкување на Законот за работни односи или Законот за пензиско и инвалидско осигурување, туку за ‘агенда’ што би можела да ја воведе Црна Гора во своевидна вонредна состојба – изјави Радуловиќ.

И покрај инцидентот со активирање димна бомба, седницата продолжи, а беа усвоени заклучоци да се распише оглас за избор на двајца судии на Уставниот суд кои ги избира Собранието.

Na sednici Ustavnog odbora Skupštine Crne Gore bačena je dimna bomba.

To je usledilo nakon što je potpredsednik Odbora i poslanik Demokratske partije socijalista Nermin Abdić rekao da on i njegove kolege neće dozvoliti nastavak zasedanja, prenele su Vijesti. pic.twitter.com/30NNPXRxme

— Pepo portal (@pepoportal) December 17, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Милвоки Бакс го освоија НБА купот
Следна Статија ФОТО: Објавени меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Откриен планот на српските студенти како во сабота да предизвикаат граѓанска војна

Вечерва на српските телевизии беше објавена емисија за тоа како српките студенти планирале во сабота да предизвикаат немири и граѓански…

March 13, 2025
БАЛКАН

По Вучевиќ оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад- студентите велат остануваме на блокадите

По српскиот премиер Вучевиќ неотповиклива оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. Оставката следува по нападот на студенти…

January 28, 2025
БАЛКАН

Од денеска се повлекуваат блокадите на Евзони

По 53 дена поминати на блокадата, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци заедно со нивните трактори да…

January 22, 2026
БАЛКАН

Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени, маркетите речиси празни (ВИДЕО)

Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата, која…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?