Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
СВЕТ

Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања

Објавено December 15, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Со нон пејпер Германија и Словенија бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања. Целта, вели словенечката министерка за надворешни работи, е да се забрза процесот на проширување на ЕУ, а соседските спорови од минатото да не се користат како блокади.

– Целта на иницијативата е да се забрза процесот на проширување. Предлагаме да се минимизираат ветата и блокадите поради билатерални прашања и да се користи квалификувано мнозинство за одлучување во процесот, рече Тања Фајон, словенечка министерка за надворешни и европски работи

Предлогот доаѓа од либерално демократски влади во двете држави. Европските либерал-демократи се надеваат дека ова ќе биде прифатено и од Европската народна партија и од европските социјалисти, за да може да прерасне во политика на Европската унија.

Нон пејперот се раѓа како идеа во период кога соседските спорови секојдневно се множат.

Бугарија повеќе години го блокира стартот на преговорите на Македонија со Унијата, 7 држави членки меѓу кои и Бугарија пред 10тина дена ставија вето на отворање ново поглавје за Србија, Хрватска ги блокира преговорите на Црна Гора, а Грција континуриано се заканува дека Албанија нема да напредува на патот кон Унијата ако не го почитува нивното малцинство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
Следна Статија По 75 години Ауди ја затвора фабриката во Брисел, 3.000 луѓе остануваат без работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пекинг им возврати на САД со увозни царини од 34%

Кинеското Министерство за финансии објави дека од 10 април ќе воведе дополнителни царини од 34 отсто за американските стоки. Во…

April 4, 2025
СВЕТ

„ЕУ веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, за да се спречи раст на цените на енергенсите“

Шефот на унгарски дипломатија Петер Сијарто денеска ја повика Европска Унија „веднаш“ да ја укине забраната за увоз на руска…

March 9, 2026
СВЕТ

Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами

Голем земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран северно од Хондурас во Карипско Море. Епицентарот…

February 9, 2025
СВЕТ

Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија

Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?