Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија прави попис на бункери и засолништа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германија прави попис на бункери и засолништа
СВЕТ

Германија прави попис на бункери и засолништа

Објавено November 25, 2024 21:42
Сподели
Сподели

Германските власти денеска, во време на зголемена тензија со Русија, соопштија дека прават попис на бункери и засолништа за населението во случај на напад и додадоа дека сакаат да го зголемат нивниот број.

Сите згради, вклучително и приватниот имот, кои би можеле да послужат како засолништа, како што се подруми, гаражи и станици на подземната железница, се попишуваат, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи за време на редовната прес-конференција во Берлин.

Како што пренесе Бета, неименуваниот портпарол додаде дека ќе биде создаден дигитален директориум со сите бункери за луѓето брзо да ги најдат користејќи ги своите мобилни телефони.

Граѓаните ќе бидат охрабрени да градат засолништа во своите домови, со пренамена на подруми или гаражи.

Германскиот дневен весник „Билд“ го опиша планот како „бункер офанзива“ во земја која се повеќе е загрижена од потенцијална руска закана.

Тековниот попис „ќе потрае некое време“, рече портпаролот.

Клучните точки од програмата за развој на засолништата беа утврдени на состанокот на високи претставници одржан во јуни.

Германија, која има 83 милиони жители, има 579 бункери, главно од Втората светска војна и Студената војна, во кои можат да се сместат 480.000 луѓе.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, германските власти ја суспендираа продажбата на утврдувањата во државна сопственост. Државата и нејзините администрации продале повеќе од 300 бункери од 2005 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работниците на Амазон во 20 земји ќе протестираат на „црн петок“
Следна Статија Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа на границата загинаа 11 лица

Најмалку 11 лица, претежно цивили, загинаа во денешниот судир меѓу армиите на Тајланд и Камбоџа на неколку места по должината…

July 24, 2025
СВЕТ

Орбан: Европската Унија се распаѓа пред нашите очи, ако не дејствуваме, следниот буџет ќе биде последниот буџет на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарците ќе мора да изберат помеѓу две страни на парламентарните избори следната година.…

September 8, 2025
СВЕТ

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го постави поткастерот и поранешен главен оперативен директор на „Пејпал“ (PayPal), Дејвид…

December 6, 2024
СВЕТ

САД војската извести за осум загинати во напади на наводни бродови за дрога

САД извеле повеќе од 20 напади во меѓународни води врз наводни бродови за дрога од септември

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?