Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра

Објавено November 21, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Граѓани кај банките се задолжени со 245,2 милиони денари или 3,9 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од 9,2 милијарди евра кој банките го одобриле како кредити на граѓаните и компаниите, според податоците на Народната банка за октомври.

Долгот на граѓаните кон банките расте секој месец. Така во октомври тој пораснал за 9,2%.

И во октомври биле најбарани потрошувачките и станбените кредити кои на месечно ниво бележат незначителен раст од  0,9% односно 1,1%, но на годишна основа кај потрошувачките кредити растот изнесува 7,2%, додека кај станбените растот е од 11,3%.

Долгот на граѓаните по основ потрошувачки кредити во октомври порасна на 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), а кај станбените кредити се искачи на 91,2 милиони денари.

Најголем годишен раст од 13,6% има кај автомобилските  кредити, но износот на долгот е мал во однос на останатите кредити..

Во октомври пораснал и долгот на граѓаните преку кретитните картички и преку негативните салда.Кај кредитите одобрени на кредитни картички растот е од 0,2%, а кај негативните салда од 1,5%. На годишно ниво овие кредити бележат намалување од 8,5% ,односно 0,8%. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4%, во услови на годишен пад од 16,1%.

Но граѓаните и во октомври штеделе. Според податоците на Народна банка, депозитите на граѓаните во овој месец се зголемиле за 11% и сега изнесуваат 6 милијарди евра. Заедно со компаниите тие чуваат повеќе од  9,2 милијарди евра во банките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз
Следна Статија Колку заработил Надал од учеството на турнирите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Трет квартал раст на БДП 3%, резултати едни од најдобрите во Европа

Во изминатите 6 месеци откако е избрана, оваа Влада е целосно насочена кон надминување на штетните последици од затекната девастирана…

December 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија

Во зимските месеци, граѓаните од ранливите категории кои не се во можност да ги платат сметките за струја нема да…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поранешен извршен директор на Google: Вештачката интелигенција ќе ги земе работните места на сите

Мо Гавдат, поранешен директор на Google X, лабораторијата за иновации на компанијата Google, вели дека вештачката интелигенција речиси сигурно го…

August 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?