Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски со апел до полицајците – укажување, а не казна за возачките дозволи со старото име на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски со апел до полицајците – укажување, а не казна за возачките дозволи со старото име на државата
МАКЕДОНИЈА

Тошковски со апел до полицајците – укажување, а не казна за возачките дозволи со старото име на државата

Објавено January 1, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој период не треба да бидат казнети, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Упати апел до полициските службеници да ги има предвид законските одредби што се однесуваат на укажувања, опомени, …

– Сметам дека ниеден македонски полицаец не треба да изрече парична казна за овој тип на прекршоци затоа што македонскиот граѓанин не треба парично да плаќа затоа што сме имале некадарни политичари во минатото. Овој перид треба да помине во превентивно делување од страна на полицијата со цел да се усогласиме со законот, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по офоцијалниот старт на скијачкиот центар „Михајлово“.

Во однос на личните карти, Тошковски ги демантираше пишувањата во дел од медиумите дека престануваат да важат и овие документи.

– Сите лични карти кои се со важечки втиснат датум, се во важност и ќе продолжат да бидат во важност. Ниту една законска измена не се однесувала на личните карти така што граѓаните од тој аспект може да бидат мирни, нагласи Тошковски.

Од денеска возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.

Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на сила на 12 февруари 2019 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени
Следна Статија Саудиска Арабија отвори хуманитарен воздушен мост за Сирија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Арсовски

Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел на граѓаните како Света вода, предупредува свештенкот Димитар…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Саздовски, помош ќе има и од Општина Куманово

Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Васко Саздовски, кој настрада вчера во Нови Сад, а помош најави и…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Службата за општи и заеднички работи соопшти дека радикално е зголемена наплатата на угостителските услуги кои се наплаќаат од функционерите…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?