Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија
Blog

Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија

Објавено October 18, 2024 16:00
Сподели
Сподели

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, унгарската компанија 4иГ (4iG Group) почна со подготовки за влез на пазарот в Македонија, со основање на подружница Уан (ONE Macedonia Telecommunications). Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Основањето на One Macedonia Telecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане значаен нов играч во Македонија. Покрај професионалните соработки, деловните и оперативните синергии стекнати од претходните искуства во регионот, групацијата 4iG ја има поддршката од македонската влада којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.

Со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, за иден извршен директор на One Macedonia Telecommunications е назначен Тамаш Табори кој е заменик извршен директор одговорен за телекомуникациската стратегија во унгарската матична компанија на групацијата, 4iG Nyrt. 4iG Group започна консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело во Македонија и избра локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата. Заедно со сопствените експерти од индустријата на 4iG групацијата, водечка улога во целиот процес ќе ја има „Analysys Mason“, една од најголемите глобални технолошки, медиумски и телекомуникациски консултантски компании.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE Macedonia Telecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Македонија“, рече Тамаш Табори, извршен директор на ONE Macedonia Telecommunications и заменик извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во 4iG Nyrt.

Деловниот опсег на One Macedonia Telecommunications опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

Како членка на Алијансата O-RAN, групацијата 4iG е посветена на користење технологија од веродостојни и сигурни извори како дел од иницијативата „Чиста мрежа“, што е услов поставен од македонската влада за нов учесник на пазарот. Иницирана е и регистрацијата на веб-страниците на новиот давател на услуги, така што компанијата ќе биде достапна и преку домејните onemacedonia.mk и onetelekom.mk.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот не очекува турбуленции на пазарот со електрична енергија во земјава
Следна Статија Андоновски во ЕК во Брисел: Дигиталната трансформација е приоритет на новата Влада во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Европската централна банка ги намали каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали својата клучна каматна стапка по осми пат, со цел да ги поддржи бизнисите и…

June 5, 2025
Blog

Трамп подготвува голем енергетски план за зголемување на производството на нафта и извозот на гас

Тимот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп подготвува голем енергетски план за зголемување на производството на нафта во Соединетите држави и…

November 25, 2024
Blog

Ѓорѓиевски: Плодна и инспиративна дебата со директорот на Фондација Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун

Денес имавме плодна и инспиративна дебата со директорот на Фондација Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун и со стипендистите на…

September 4, 2025
Blog

Луксембург има минимална плата од 2.637 евра, а Бугарија е на дното на Европската унија со 550 евра

Како што пренесува Euronews, само шест земји во Европската унија имаат минимална плата повисока од 1.500 евра. Заедно со лидерот…

February 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?