Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерката Ангеловска-Бежоска очекува наскоро да биде одобрено нашето членство во СЕПА од Европскиот совет за плаќања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерката Ангеловска-Бежоска очекува наскоро да биде одобрено нашето членство во СЕПА од Европскиот совет за плаќања
ЕКОНОМИЈА

Гувернерката Ангеловска-Бежоска очекува наскоро да биде одобрено нашето членство во СЕПА од Европскиот совет за плаќања

Објавено January 26, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од Западен Балкан и Молдавија и за да се обезбеди форум за размена и координација на активностите, Европската комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше Управувачки Комитет предводен од Герт Јан Копман, генерален директор на Директоратот.

Во работата на Комитетот учествуваат и Џон Бериган, генералниот директор на Директоратот за Финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на капитални пазари,  гувернерите на централните банки од регионот, претставници на  релевантни институции од Европската Унија (ЕК, Европската централна банка, Европскиот совет за плаќања), како и Светската банка, кои имаат важна улога во процесот на интеграција и имплементација на СЕПА во регионот.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на состанокот на Комитетот истакна дека со оглед на направените регулаторни измени и високиот степен на усогласеност на нашата регулатива со европската во областа на банкарството, платежните услуги и спречувањето на перење на пари, очекува дека нашето барање за членство ќе биде наскоро одобрено од Европскиот совет за плаќања.

Притоа, истакна дека за да граѓаните ги почуствуваат придобивките од СЕПА, клучно ќе биде банките оперативно да се подготват и да се приклучат кон европскиот платежен систем, по одобрувањето на нашата апликација. Народната банка ќе обезбеди целосна регулаторна поддршка на банките во овој процес.

Членството во СЕПА е еден од приоритетите дефинирани во Планот за  раст на земјите од Западен Балкан на ЕК бидејќи се очекува да овозможи пристап на банките од Западен Балкан до европските платежни системи, а со тоа и поефикасни, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миноски: Голема идеја – основа за трансформација на земјата
Следна Статија АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри, неправилност утврдена кај еден оператор со храна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ

Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на кој работниците…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

Руската нафтена групација „Лукоил“ соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?