Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет
ЕКОНОМИЈА

И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет

Објавено December 2, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст, и за мажите и за жените. Ова е препораката на Фискалната стратегија 2025-2029 година што ја изготви Фискалниот совет, а ја усвои Собранието.

-Определбата за задржување на истите стапки на пензиско и на инвалидско осигурување со значителното линеарно зголемување на пензиите на два пати по 2.500 денари не само што ќе го зголеми јазот меѓу приходите од придонеси и расходите за пензии, а со тоа и потребата за покривање од буџетот на државата, туку и на подолг рок уште повеќе ќе ја наруши фискалната одржливост на ФПИОМ. Фискалниот совет е на мислење дека за одржување на ФПИОМ, за намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период, потребни се дополнителни мерки, како зголемување на работниот век на вработените така и постепено (макар и благо) зголемување на стапката на придонесот за ФПИОМ. Тековната е 18,8 % и е за 2,4 % помала во однос на 2008 година, кога изнесуваше 21,2 %. Кога би се додало на оваа стареењето на населението, а со тоа и, секоја година, зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1.500 до 1.700 нови пензионери, придружено и со преференцијата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензионите приходи со наплатените придонеси, проблемот станува уште покомплексен – се вели во стратегијата.

Оттука, се додава во документот, фискалната одржливост на Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување е посебен фискален ризик.

– Имајќи ги предвид значителното намалување на невработеноста и недостигот од квалификувана и професионална работна сила, Фискалниот совет цврсто препорачува од почетокот на 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажите и за жените на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензиско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 %. Потоа, во 2027 година би се направила дополнителна анализа на фискалната одржливост на ФПИОМ и во зависност од трендот и потребата, би требало постепено да се зголемува стапката на најмалку 21 % до 2029 година“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: ЈО, Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас 6 месеци не мрднаа со прст, затоа довербата во правосудството е 2%
Следна Статија Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азески најави конкретна реализација за автопатот Кичево – Охрид

Бранко Азески, претседателот на Стопанска комора најави конкретна реализација за автопатот Кичево – Охрид Во видеото што следи, точно и…

March 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Некои од маркетите водат политичка борба со Владата, вели Мицкоски

Владата донесе одлука. Дали некому таа му се допаѓа или не му се допаѓа, таа одлука е резултат на сите…

February 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Од извршени 696 контроли, нерегуларности кај 140 даночни обврзници

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста дека во тек на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на…

January 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија – фокус за германските инвеститори во обновлива енергија

Како дел од делегациското патување на тема: „Проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Македонија, Албанија и Косово“,…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?