Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И во 2025 година продолжуваме со инвестициите и вложувањето во одбраната, порача Мисајловски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И во 2025 година продолжуваме со инвестициите и вложувањето во одбраната, порача Мисајловски
МАКЕДОНИЈА

И во 2025 година продолжуваме со инвестициите и вложувањето во одбраната, порача Мисајловски

Објавено December 18, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Денеска во Регионалниот центар за односи со јавноста во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се одржа редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи на кој се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и доајенот на Асоцијацијата на одбранбени аташеи, хрватското одбранбено аташе полковник Стјепан Домјанчиќ.

Министерство за одбрана

Министерот Мисајловски во своето обраќање потенцираше дека денешниот брифинг како и средбите кои се реализираат со одбранбените аташеи е јасен доказ за нашата посветеност на билатералната и мултилатералната одбранбена политика и соработка.

„И мојата татковина, и државите кои ги претставувате се дел од еден глобален меѓународен поредок кој може да функционира и да ја гарантира безбедноста на своите граѓани само ако соработуваме искрено и посветено и ако имаме една цел пред нас – а, тоа е мирот, стабилноста и демократијата“, рече Мисајловски.

Министерство за одбрана

Мисајловски се осврна и на идниот развој за одбраната и Армијата и одбранбениот буџет од кој 32 проценти се наменети за модернизација и опремување.

„Споредено со 2024 година тоа се над 18 милиони евра повеќе за нова и модерна опрема, за посилна Армија, за посилна колективна одбрана во НАТО – Алијансата. Тоа е уште еден неоспорен доказ дека нашата држава е активен и посветен сојузник“, истакна министерот Мисајловски.

Министерство за одбрана

Трите развојни приоритети во одбраната – стабилното буџетирање, засилувањето на процесот на модернизација и целосното почитување на правата и обврските кон вработените, успешно се реализирани, рече Мисајловски и додаде дека на ист начин ќе продолжиме да работиме и следната година.

Генералот Лафчиски упати благодарност до одбранбените аташеи за помошта во градењето и модернизацијата на одбранбените капацитети преку билатералната соработка, но и преку многубројните вежбовни активности. „Следната 2025 година оваа поддршка, оваа соработка и со вас, меѓутоа онаа поддршка која ќе ја добиеме од Министерството и од Владата ќе биде уште повеќе изразена“, потенцираше тој.

Полковникот Стјепан Домјанчиќ упати благодарност до раководството во Министерството и Генералштабот за можноста од прва рака да се слушнат пораките за развојот на одбранбениот сектор и нагласи дека земјава е препознаена и ценета членка во НАТО и дека македонската надворешна политика е целосно усогласена со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија.

На брифингот со одбранбените аташеи се дава целосен осврт на меѓусебната соработка во годината што изминува, а се разговара и за чекорите кои ќе се превземат следната, 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари – поднесена пријава за злоупотреба на службена положба
Следна Статија Со фотографија направена со „Гугл мапс“ решено убиство во Шпанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Затемнувањето на Месечината ќе може да се гледа со два телескопа на плоштад „Македонија“ во Скопје

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Над 300.000 евра за патни трошоци за пратеници за 13 месеци

Од почетокот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, 65 пратеници добиле надоместок за патни трошоци. Највисоката сума исплатена на пратеник…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?