Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки

Објавено December 31, 2024 19:30
Сподели
Сподели

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци, физички активност, доволно сон и да не се користат пиротехнички средства. Да не се јаде сè на гозбите и забавите, е уште еден совет од експертите, како и јадење овошје, наместо грицки.

– Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци, не е лесно да се придржуваме до принципите на здрава и врамнотежена исхрана. Но, со внимателен избор на храна и умереност, можеме да уживаме во празниците, а и по празници, без дополнителни здравствени ризици, наведуваат од ИЈЗ.

Изборот на храна, нагласуваат, почнува во продавница, со „паметно купување“.

– На пазарење е најдобро да одиме наспани и по квалитетен оброк. Тешко ќе одолееме на импулсивно купување, доколку сме гладни и по непроспиена ноќ, во такви ситуации ќе купуваме храна богата со шеќер, масти и сол и ќе бидеме склони кон донесување импулсивни одлуки. „Клучот“ за здрав режим на исхрана е во умереноста. Не јадете сè на гозбите и забавите. Јадете полека. Јадете блиску до вообичаеното време. Не прескокнувајте оброци за да јадете за време на гозбата или забавата. Така ќе е потешко да го контролирате шеќерот во крвта, ќе бидете навистина гладни и веројатно, вечерта ќе се прејадете. Одберете овошје наместо грицки. Намалете ја количината на шеќер и не претерувајте со чоколадото, се само дел од советите.

Од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува пржена, висококалорична, мрсна и зачинета храна, а место таква, да се избере варена или храна печена во фурна.

– При изборот на месо, дадете приоритет на белото месо – пилешко, мисиркино, а ограничете ја употребата на црвено месо со видливи масти. Со месото задолжително подгответе доволно зеленчук и разни свежи салати. Рибата нека биде на празничната трпеза, додаваат од Институтот.

Се препорачува избегнување сол, таа да се замени со црн бибер, луто, лимон, оцет, лук и други зачини.

– Преиспитајте го вашиот пијалак. Слатките пијалаци кријат „кисела вистина“. Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувате безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови на растворување, сирупи и така натаму. Редовно носете со себе вода во стаклено шише. Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол. Консумацијата на алкохол може да предизвика непосакувани состојби, а алкохолот е и многу калоричен. За лицата на возраст од 15 до 39 години, нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици. Водата нека биде ваш прв избор. Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус – арома. Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер. Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција, се истакнува во соопштението.

Се нагласува и важноста од квалитетен ноќен сон.

– Намалениот сон, може да го отежне справувањето со шеќерот во крвта, а заради недоволното спиење, ќе ви се зголеми желбата за внес на храна богата со масти и шеќери. За да се заштитите од нерационален внес на храна, потрудете се навечер да спиете меѓу шест и осум часа. Одделете најмалку 30 до 45 минути дневно за пешачење, се посочува во соопштението.

Се додава дека понесени од атмосферата, често, особено кај детската и адолесцентната популација, славењето е проследено со зголемена употреба на пиротехнички материјали.

– Употребата на пиротехнички материјали има сериозни негативни јавноздравствени последици. Повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти, во несреќи. Најзасегнати се децата, старите лица и лицата со респираторни или срцеви заболувања. Краткорочното изложување на нус-продукти од употреба на пиротехника, може да влоши некоја постоечка белодробна болест или да предизвика астматичен напад. Кај луѓето со срцеви заболувања, краткотрајната изложеност на чад од употребата на пиротехмички средства може да се поврзе со срцев удар и аритмии, подвлекуваат од ИЈЗ.

Чадот од употребата на пиротехничките материјали, се нагласува, придонесува за загадувањето на воздухот.

– Не заборавајте, не страдаат само луѓето, страдаат и животните. Правилната исхрана, редовната физичка активност и давање приоритет на безбедноста наместо на пиротехниката, ќе нѝ помогнат во остварувањето на желбите што ќе ги посакаме за годината што доаѓа. Институтот за јавно здравје посакува среќна Нова 2025 година, среќни и здрави празници, се додава во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци
Следна Статија Новогодишното обраќање на Мицкоски ги руши сите рекорди на гледаност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Загадениот воздух зема над 4.000 животи годишно

Ова е констатацијата на Институтот за јавно здравје од каде посочуваат дека Македонија губи 4.175 животи кои можат да се…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра

Слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Над 46 отсто од мажите и 27 отсто од жените во земјава се никотински корисници

Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од…

June 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонски кардиохирурзи дел од историски подвиг во трасплантација на срце во Швајцарија

Тим за трансплантација во кој учествуваше кардиохирургот од Прилеп, Петар Ристески, доктор во Универзитетската клиника во Цирих, Швајцарија, со која…

March 12, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?