Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ин мемориам: Почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната група „Зијан“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ин мемориам: Почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната група „Зијан“
ХРОНИКА

Ин мемориам: Почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната група „Зијан“

Објавено December 28, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Во 61-та година од животот почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), член на легендарната гевгелиска поп-рок група „ЗИЈАН“.

Пред еден месец свиреше заедно со своите членови од „ЗИЈАН“ на сцената во МКЦ, создавајќи концертен легендарен повраток на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје, сцена која ја освоија еднакво квалитетно како и сите други сцени во Македонија и пошироко во YU просторот.

По големата слава со настапите и победите некогаш на гитаријадите во Зајечар, Суботица и по првиот албум “Низводно”(1991), но и по големата пауза, се вратија достоинствено и господски на сцената на МКЦ од каде што почнале, тивко и без помпа, како тивка вода, во стилот на првата нумера која ја изведоа ноќта “Тивка вода”, во која пеат стих што ја отвора песната “Дали знаеш мили брате тивка вода брег што рони, лечи рани за три дена, само време нам ни треба”…

Беше љубител на музиката, свиреше клавијатура, велеше дека музиката му прави ќеф, а дека по професија е дизајнер на ентериери и производител на уникатен мебел. Работеше во својата работилница во Мрзенци, гевгелиско каде и живееше со своето семејство.

Ристо беше гевгелиски ученик, гевгелиски лик, гевгелиска естрадна ѕвезда заедно со „зијанците“, мирен и тивок, а маркантен по својата појава и музичко дело.

Гевгелија жали што вака ненадејно се „раситни“ петорката од саканата група „ЗИЈАН“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија гради „Поградец Марина“- мега проект со платформи, пешачки патеки, тобогани во Охридското езеро: Дали ќе се доведе УНЕСКО статусот во прашање?
Следна Статија Украина: Погодивме складиште за дронови во Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицијата не можела да се изначуди како кумот Гоце ги поврзал „цитроенот“ со грабнувањето на Вања

Каде сте досега, знаев дека ќе дојдете, рекол Влатко Кешишев кога полицијата влегла во седишетото на Десна. На прашањето на…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Три лица вчера беа уапсени во Струмица, а автомобилот бил полн со дрога. Според полицијата постоел план за нејзино изнесување…

July 1, 2025
ХРОНИКА

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Тажна вест од Зоолошка: Почина јагуар

За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест. Денеска нè напушти, борејќи се со метастазиран…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?