„Изиџет“ од пролет воведува линија од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз

- Advertisement -

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.

Истата компанија минатиот месец престана да лета од Женева до Скопје.

Од Скопје ќе се лета до Париз почнувајќи од пролет, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град. Сега има линија на „Визер“ до Париз, но до аеродромот „Буве“ кој е 90 километри подалеку од Париз.

Минатата година „Визер“ превел 39.918 патници од Скопје до Париз.

Сподели ја оваа статија