Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието!
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието!

Објавено December 20, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието и на штета на воспитно – образовниот процес! Законот за средно образование кој го предложивме во Собранието и предвидуваше повеќе нови права и можности за наставниците, стручните соработници, учениците и родителите, вклучително и изборна можност за интонирање на македонската химна во училиштата, ќе почека некоја недела за усвојување. Во меѓувреме ќе ја подобриме неговата содржина“.

Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Денеска го повлеков од дневниот ред, за да не дозволам ДУИ да го закочи усвојувањето на целата нова правна регулатива во образованието, на која заедно со бројни општествени чинители, макотрпно работевме во изминатите неколку месеци. Користејќи националистички реторики, обвинуваат за создавање наводно некаква си меѓуетничка нерамноправност. Убаво ќе беше да си ја сакаат татковината, државата каде се образуваат, работат и земаат плата и да изразат почит кон нејзините симболи. Но, гледаме нешто друго…Заради остварување на партиски цели и програми, спремни се да го спречат развојот, јакнењето на основниот столб на државата – образованието. Со вакви потези несвесно, тие го уназадуваат и воспитно – образовниот процес на сите деца, независно на која етничка заедница припаѓаат. Но, очигледно тоа и не е така важно, вели таа.

Министерката со порака до ДУИ:

„На пратениците од ДУИ сакам да им порачам дека Владата ќе продолжи да ги спроведува промените кои народот ги побара, тоа е сигурно. Но, им порачувам и конечно да почнат си ја почитуваат државата, да покажат волја за соживот, за соработка, разбирање и единство. По не знам кој пат ќе повторам, живееме во една заедничка држава, сите треба да ја чувствуваме како своја и заедно да се грижиме за нејзиниот развој“.

-Во меѓувреме, како министерка ќе продолжам да се заложувам за јакнење на меѓуетничките односи особено меѓу младите генерации во Македонија и на целосна интеграција на ова општество. За следната година веќе предвидовме повеќе средства за училишни активности кои ќе ги зближуваат младите од различните етнички генерации, посочи Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вода ќе немаме 15 часа: Следете ги препораките на Институтот за јавно здравје
Следна Статија Лазаров објасни зошто на списокот за СП 2025 ги нема Талески и Томовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Љутков: Гоце Делчев не треба само да се следи, туку да се разбере – културата е темел на државноста

 - Делото и идеите на Гоце Делчев не треба само формално да се чествуваат, туку суштински да се разберат и…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Битиќи од Собрание со скандалозна навреда за новинар

Фатмир Битиќи – пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер во Владата на СДСМ и ДУИ, во Собранието покажа срамно однесување.…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Шок-глетка“ од центарот на Скопје – Каков впечаток ќе добијат туристите кои прв пат доаѓаат?

По неодамнешните реакции за  музичките изведувачи на Камениот мост во центарот на Скопје, нов „шок“ од строгиот центар на главниот…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?