Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска за РСЕ: Образованието заслужува единица, нерегуларности на универзитетите во Тетово, Струга, Охрид…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска за РСЕ: Образованието заслужува единица, нерегуларности на универзитетите во Тетово, Струга, Охрид…
МАКЕДОНИЈА

Јаневска за РСЕ: Образованието заслужува единица, нерегуларности на универзитетите во Тетово, Струга, Охрид…

Објавено November 3, 2024 11:20
Сподели
Сподели

На Тетовскиот универзитет утврден е нелегален избор на двајца наставници, нерегуларности има и на „Апостол Павле“ и во Струга, открива министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за РСЕ. Образованието заслужува оценка единица, вели Јаневска и најавува нови наставни методи.

Поминаа повеќе од сто дена од вашиот мандат, ако треба да дадете генерална оценка за состојбата што ја затекнавте во образованието од 1 до 5, која оценка би ја дале?

Повеќе пати сум кажала дека состојбата беше навистина многу лоша и единица би било соодветна оценка, ако треба да се оценува. Затекнавме огромни, огромни долгови кои сè уште ги исплаќаме и сè уште не можеме да се справиме со тоа, иако поминаа, речиси четири месеци. Но, покрај тоа, затекнавме состојби нерешени и напластувани со години. Немање на учебници, неподготвеност за 1 септември, неисплатени стипендии, значи комплетно запоставен студентски стандард, комплетно запоставен ученички стандард, започнати проекти и застанати во одреден подолг период без причина, неисплатени награди, неисплатени обврски кон истражувачите кои објавувале во списанија со импакт-фактор…

Ги споменавте учебниците како еден од проблемите што ги затекнавте. Деновиве го објавивте новиот закон за учебници на ЕНЕР. Досега кај нас секој септември беше вест дали има учебници или нема. Дали новиот закон конечно ќе ги реши проблемите? Знаеме дека имаше проблеми со неодобрување на учебниците, преносот на авторски права итн.

Од информациите кои ги добив во моментот кога новата власт настапи со сопственото владеење, да, имате информации и вие дека имало сериозни проблеми, а тоа е немање автори, немање на рецензенти, неквалитетни книги, неодобрени книги или одобрени од Бирото за развој на образованието, неодобрени од рецензенти и обратни ситуации. Како и да е, што и да било, учебници немаше. Со новиот закон се обидуваме да го подобриме процесот за никогаш повеќе да не дојдеме до ситуација на 1 септември да немаме учебници. Покрај овој закон, ние носиме и други пет закони кои треба да се носат отприлика во исто време и јас искрено се надевам дека со новиот закон ќе постигнеме и подобар квалитет на учебници, но и навремено снабдување со учебници.

Линк до оригиналниот текст (ВИДЕО)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие две војводства им носат милиони фунти на кралот Чарлс и принцот Вилијам
Следна Статија Морето исфрлило на брегот чудно суштество, изгледа како вонземјанин (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОН ѝ пресуди на Бугарија: Неосновано ја блокирала регистрацијата на Македонци

Комитетот за човекови права при Обединетите нации утврди дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување, откако домашните судови…

April 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ковачев: Македонците веќе се во ЕУ – 216.000 граѓани имаат бугарски пасоши

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев вели дека не им е лесно на колегите во Северна Македонија. Не…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Попладнево повторно силен ветер, некаде и снег, предупредува УХМР

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Се затрупува критичниот дел од Дрисла, чадењето сè уште присутно

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?