Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанис Тима не се самоубил, поранешната сопруга наводно го нарачала убиството?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јанис Тима не се самоубил, поранешната сопруга наводно го нарачала убиството?
СПОРТ

Јанис Тима не се самоубил, поранешната сопруга наводно го нарачала убиството?

Објавено January 6, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Јанис Тима, на 17 декември минатата година беше пронајден мртов во хостел во Москва. Кошаркарот оставил проштална порака на својот моблен телефон поради што случајот беше прогласен за самоубиство.

Сепак како што пишуваат медиумите во Латвија, се случил пресврт во случајот. Наводно, полицијата и обвинителството ги истражуваат наводите дека неговата поранешна сопруга Ана Седокова го нарачала неговото убиство.

Јанис Тима беше пронајден мртов на 17 декември минатата година во Москва. Првично се веруваше дека кошаркарот извршил самоубиство затоа што покрај неговото тело била пронајдена белешка на која пишувало „Јави се Ана“, но и поради деталите дека оставил порака на објавата на својата поранешна сопруга на Инстаграм претходната вечер со неговиот датум на раѓање и денот на неговата смрт.

Тогаш медиумите пишуваа дека неговата поранешна сопруга ќе ги плати трошоците за погребот, но неколку дена подоцна пристигна информација дека никој не се јавил за да го преземе телото од мртовечницата.

Сега порталот „Championat.com“ носи сосема поинаква приказна.

Овој портал тврди дека на телеграмскиот канал „Маш“ кружи изјава на Марко Пугачев, пријателот на Тима, кој рекол дека станал сведок во истрагата за убиството на кошаркарот.

„Пријателот на кошаркарот Марк Пугачев ни кажа дека тој стана сведок во случајот и ќе сведочи против Ана Седокова. Наводно, таа е таа што го организирала и нарачала убиството на Тима, а сето тоа поради неговиот имот и становите шти ги купил во Москва за 180 милиони рубљи“, објави каналот „Маш“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена
Следна Статија Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос. На последниот ден од…

September 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Меси ја мина бројката од 890 голови во кариерата

Лионел Меси, изминатата ноќ, дојде до бројката од 890 гол во кариерата. Во победата на Интер мајами над Нешвил (3:1),…

October 25, 2025
СПОРТ

Mурињо нема ништо против пак да биде тренер на Реал

Тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би го поздравил втор престој во Реал Мадрид, 13 години по неговото заминување во летото…

April 23, 2026
СПОРТ

Македонските кошаркари стартуваат со подготовки за јулските претквалификации

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација утре претпладне официјално ќе ги почне подготовките за третиот дел од претквалификациската трка за пласман…

June 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?