Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена
БАЛКАН

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Објавено January 6, 2025 10:15
Сподели
Сподели

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во Цетиње, покажал дека тој не бил позитивен на психоактивни супстанци и дека имал алкохол во крвта, пренесува Вијести.

Добив информација дека анализата на крвта на убиецот Ацо Мартиновиќ покажала 0,40 грама на килограм, анализата на урината 0,40 грама на килограм и тој не бил позитивен на психоактивни супстанци. Тоа значи дека бил во помалку алкохолизирана состојба“, рече тој.

Тој рече и дека е можно да имал повеќе промили во крвта отколку што е на крајот покажано, со оглед на времето што поминало од првото до последното убиство и обдукцијата.

Тој додаде дека се уште не е познат точниот мотив за убиствата, за кои потврди дека се извршени за околу 30 минути.

Мотивот се утврдува. Тој ги одзел животите на своите најблиски пријатели, членови на семејството, изразил бруталност и агресивност кон децата“, рече Шќепановиќ.

Тој додаде дека разговарал со членовите на семејството на повредените и со полицајците кои го познавале, а ги прочитал и изјавите на сведоците кои добро го познавале Мартиновиќ.

„Не можам точно да кажам каде да барам мотив“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хаос во Осиек: Хулигани се тепаа на улица и тоа по – локален кошаркарски меч (ВИДЕО)
Следна Статија Јанис Тима не се самоубил, поранешната сопруга наводно го нарачала убиството?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Бебе паднало од трети кат од зграда во Нови Пазар и останало живо- очевидците шокирани

Двегодишно дете под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на Нови Пазар. Според очевидци, детето…

October 13, 2024
БАЛКАН

Која е новата комесарка за проширување: Словенка, има 22.000 евра месечна плата, мораше да докажува дека не соработувала со службите

Марта Кос е нова комесарка за проширување. Доаѓа на местото на Оливер Вархеји кој нема да биде запаметен по ништо,…

December 1, 2024
БАЛКАН

Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина

Во стан во Зеница утрово е пронајдено безживотно тело на 48-годишната Алма Хускиќ, долгогодишна уредничка и водителка на Радио-телевизија Зеница.…

April 15, 2026
БАЛКАН

Турист во Хрватска шокиран од цените: „Ова е поскапо од Париз и Њујорк“

Сè повеќе туристи и домашни посетители се жалат дека летувањето во Хрватска станало вистински луксуз, а социјалните мрежи се преполни…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?