Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јенс Столтенберг станува министер за финансии на Норвешка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Јенс Столтенберг станува министер за финансии на Норвешка
СВЕТ

Јенс Столтенберг станува министер за финансии на Норвешка

Објавено February 4, 2025 18:59
Сподели
Сподели

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе биде назначен за министер за финансии на Норвешка, како дел од реконструкцијата на владата, објавија норвешките медиуми.

Столтенберг е член на Работничката партија и беше премиер на Норвешка од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година.

Откако помина една деценија како генерален секретар на НАТО, Столтенберг минатата година ја напушти функцијата.

65-годишниот Столтенберг веќе ја извршуваше функцијата министер за финансии – во 1996 и 1997 година, вели Ројтерс.

Евроскептичната Партија на центарот во четвртокот ја напушти владата, поради спор околу прифаќањето на енергетската политика на Европската Унија. Така, Работничката партија остана сама во владата, осум месеци пред парламентарните избори.

Столтенберг требаше да стане гувернер на Централната банка на Норвешка во 2022 година, но тогашниот американски претседател Џозеф Бајден го замоли да остане на чело на НАТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во училиштето во Шведска убиени најмалку 10 лица, а меѓу нив и напаѓачот
Следна Статија Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Објавена нова снимка од падот на Боингот во Индија, секунди по полетувањето

Авион на „Ер Индија“ што леташе кон Лондон со 242 лица се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот…

June 12, 2025
СВЕТ

Прелиминарен извештај: Седиштето на пилотот ја предизвикало авионската несреќа на „Ер Индија“ со 270 жртви?

Механички дефект на пилотското седиште е главната причина за падот на авионот на „Ер Индија“, лет AI-171, во кој животот…

June 16, 2025
СВЕТ

Шпанците стравуваат од масовни прекини на електричната енергија

Шпанците веќе се најдоа во темнина неколку пати оваа година, а властите повторно предупредуваат дека земјата може да остане без…

October 10, 2025
СВЕТ

Трамп стави потпис: Се воведуваат глобални царини од 10 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?