Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија

Објавено October 15, 2025 15:56
Сподели
Сподели

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да ги разгледаат можностите за да инвестираат во Македонија, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА од Брисел.

– Мислам дека наскоро ќе се потпише и Меморандум за соработка со една од тие компании, а има и друга македонска компанија што сака да се прошири, рече Мисајловски.

Тој најави дека една македонска фирма потпишала меморандум со странска компанија за изградба на фабрика, а дека постојат и уште две-три други иницијативи во чии рамки за разговара за земјиште, за постоечката легислатива и за начините и процедурите за инвестирање.

– Добро е што има компании што сакаат да дојдат во Македонија, бидејќи сепак ова е специфична наменска индустрија. Добро е да има напредок на ова поле по повеќе години застој, рече Мисајловски.

Министерот нагласи дека државата и Владата ги охрабруваат овие компании да инвестираат и се подготвени да им помогнат во тоа преку расположливите инструменти.

– Секој е добредојден, како и секоја компанија што има добра намера. Таа добра намера, се разбира, треба да се преточи во инвестиција. Како Влада ќе помагаме и важно е таа индустрија се повеќе и повеќе да ја развиваме. Ќе дадеме се од себе како држава да привлечеме странски инвестиции и најдобро би било овие фабрики да се градат во оние делови од нашата земја каде има потреба за тоа. Ќе работиме на тоа поле и се надевам дека наскоро ќе бидете сведоци на потпишување на еден ваков меморандум, додаде Мисајловски во изјавата за МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ
Следна Статија Последен поздрав: Познато кога ќе биде погребан Панчо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Колку се сиромашни македонските граѓани?

Едно од клучните прашања кое сè почесто се поставува во јавноста е: како живеат македонските граѓани во споредба со остатокот…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите не се реални, потребно е системско делување за квадратот да падне

Цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Наш приоритет е преку системско делување да придонесеме за рамнотежа…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со влез на третиот мобилен оператор очекувам подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот

Подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот очекувам со влез на третиот мобилен оператор, вели во интервју за ТВ…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на долгорочно штедење во денари

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?