Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kaј селото Никулец во Преспанското езеро пронајден откриен редок органски материјал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Kaј селото Никулец во Преспанското езеро пронајден откриен редок органски материјал
МАКЕДОНИЈА

Kaј селото Никулец во Преспанското езеро пронајден откриен редок органски материјал

Објавено December 15, 2025 17:52
Сподели
Сподели

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел да се идентификуваат, документираат и заштитат археолошките богатства во, и околу езерото.
Во првите две фази стручен тим спроведе рекогносцирање на македонскиот дел од преспанското крајбрежје од границата со Грција до границата со Албанија, и при тоа беа детектирани и документирани 11 археолошки локалитети, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

-Локалитетот во близина на селото Наколец, се покажа како најрелевантен за понатамошно истражување, по што започнаа сондажните археолошки истражувања, кои исто така се реализираа во два циклуси. Ова е исклучително значаен момент за Преспа. За првпат имаме можност да навлеземе во археологијата на езерото и да откриеме слоеви од минатото кои досега беа целосно непознати, истакна Орданче Петров, раководител на тимот за подводна археологија.

По повлекувањето на нивото на езерото, дел од локалитетите излегоа на копно, што овозможи да се извршат сондажните археолошки истражувања на локалитетот во близина на село Наколец.

– При истражувањата беше откриен дел заштитен со дрвена палисада, како и голем број движни археолошки предмети. Посебно внимание привлече пронаоѓањето на предмети изработени од органски материјали дрвени алатки, рачки, чешли и различни конструктивни елементи. Ваквите наоди се прв и единствен пример, на зачувани предмети од органски материјали од локалитет кој е датиран во временската рамка од крајот на XIII па сѐ до крајот на XIV век. Локалитетот кај село Наколец, претставува прв и засега единствен пример на благороднички имот во македонската археологија датиран во периодот на XIV век. Зачувувањето на органски материјали е навистина невообичаено. Милот и тињата на езерото создаваат средина без кислород која ги штити објектите од распаѓање. Тоа ни овозможува уникатен увид во минатото на заедниците, посочи објаснува Петров.

Истражувачкиот тим соопшти дека првичните анализи упатуваат дека средновековните жители во Преспа, главно се занимавале со земјоделство, а не со риболов, факт кој изненадува со оглед на близината на езерото и дека Преспанското Езеро во минатото било значително помало.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Пари во буџетот има, правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози
Следна Статија Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска од Македонија за следен заменик генерален секретар. „Среќен…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј

Денеска, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, ден кој во народното верување има посебно значење. Се смета дека од…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети: Груби е на „албанска територија“

Шефот на ДУИ, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, за кого рече дека не…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?