Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камала Харис и Доналд Трамп се изедначија во клучните држави, покажуваат анкетите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Камала Харис и Доналд Трамп се изедначија во клучните држави, покажуваат анкетите
СВЕТ

Камала Харис и Доналд Трамп се изедначија во клучните држави, покажуваат анкетите

Објавено October 11, 2024 19:35
Сподели
Сподели

Американскиот демократски потпретседател Камала Харис и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп уживаат подеднаква поддршка во седум клучни држави кои би можеле да одлучат за исходот на претседателските избори во ноември, покажува предизборната анкета на Волстрит журнал.

Според анкетата, Харис има маргинално водство од два процентни поени во Аризона, Џорџија и Мичиген, додека Трамп води со шест процентни поени во Невада и еден во Пенсилванија. Тие се изедначени во Северна Каролина и Висконсин.

Анкетата на 600 регистрирани гласачи беше спроведена помеѓу 28 септември и 8 октомври со маргина на грешка од четири процентни поени во секоја држава.

Резултатите се совпаѓаат со другите предизборни анкети кои предвидуваат тесна трка пред изборите на 5 ноември, бидејќи прашањата како економијата, миграцијата, правата на жените и демократските вредности тежат на американските гласачи.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос оваа недела, исто така, предвиде мртва трка на национално ниво, при што Харис има мала предност од 46 отсто наспроти 43-те на Трамп.

Анкетите за ставовите на гласачите во седум клучни сојузни држави може да бидат важен показател со оглед на фактот дека резултатите во одделни држави одлучуваат кој ќе биде победник на изборите.

59-годишната Харис би освоила тесно мнозинство во изборниот систем доколку победи во државите во кои има предност, според анкетата на Волстрит журнал.

Ова е трета последователна кандидатура на Трамп (78) за Белата куќа по поразот од актуелниот претседател Џо Бајден во 2020 година. Тој и понатаму тврди дека бил поразен поради широко распространета гласачка измама. Истовремено, тој се соочува со кривична пријава за обид за поништување на изборните резултати. Тој ги негира обвинувањата.

Харис стана демократски кандидат откако Бајден се откажа од трката во јули. Харис е поранешен американски сенатор, државен обвинител во Калифорнија и локален обвинител кој се обидува да донесе нова визија за Америка и да ја оживее демократската коалиција на млади гласачи, Афроамериканки и жени од предградијата, истовремено отуѓувајќи некои републикански гласачи.

„Ова е мртва трка“, изјави за Вол Стрит Журнал, републиканскиот анкетар Дејвид Ли, кој го спроведе истражувањето заедно со демократот Мајкл Босијан.

Повеќе гласачи рекоа дека го поддржуваат Трамп за економијата и имиграцијата, додека повеќемина мислат дека Харис би завршил подобра работа за домувањето, здравствената заштита и заштитата на луѓето како нив, покажа анкетата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Кај си „стари“: Федерер го изненади Ноле во Шангај
Следна Статија ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол

Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен за накратко воведената воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција…

January 15, 2025
СВЕТ

Зеленски: Се откажуваме од членството во НАТО

Украина се откажува од својата амбиција да се приклучи на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за…

December 14, 2025
СВЕТ

(Видео) Ловец на бури го сними доаѓањето на „окото“ на ураганот на Флорида

Ураганот Милтон стигна на копно на Флорида, а ветровите долж западниот брег на државата продолжуваат да се засилуваат додека центарот…

October 10, 2024
СВЕТ

Трамп одобрил планови за напад на Иран, пишува „Волстрит журнал“

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но чека да види дали Иран ќе се откаже од…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?