Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, ветува министерот за економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, ветува министерот за економија
ЕКОНОМИЈА

Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, ветува министерот за економија

Објавено October 8, 2024 15:06
Сподели
Сподели

Доколку не ја донесевме Есенската кошничка и акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“ цените на храната дополнително ќе се зголемеа, а со тоа и инфлацијата, истакна денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Овие одлуки ги донесовме за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи во минатите месеци Државниот завод за статистика излегуваше со информации дека има раст на цените на основните прехранбени производи. Затоа направивме акциски план со кој ја донесовме есенска потрошувачка кошничка за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да не ги донесевме одлуките, цените на основните прехранбени производи ќе имаа уште поголем раст и инфлацијата ќе беше поголема од 2,6 отсто колку што е сега -рече Дурмиши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Потсети дека во сила e и Законот за нефер трговски практики и истакна дека производите ќе се продаваат по старите цени додека не се потрошат залихите во маркетите.

Кога ќе се усогласат цените со добавувачите, ќе има и дополнително намалување на цените. Тоа ќе се случи на крајот на овој или на почетокот на идниот месец. Во овие три месеци тече преодниот рок за усогласување на цените во кои Комисијата за заштита на конкурентност ќе биде на терен и ќе ги опоменува тие што не го почитуваат Законот и ќе им дели совети да го почитуваат. Потоа кон крајот на годинава или на почетокот на идната ќе почне со казнување и ќе постапуваат според надлежностите кои ги имаат согласно Законот -прецизира Дурмиши.

Нагласи дека тече процедурата во Собранието за реорганизација на Комисијата за заштита на конкурентност со која, како што кажа, ќе се подобри нејзината функционалност.

И да е во целосна функционалност Законот за нефер трговски практики не знаеме дали фирмите ќе го почитуваат. Затоа мора да се направи реорганизацијата на Комисијата за заштита на конкурентност која е во собраниска процедура. Сега Комисијата не е функционална и затоа треба да помине собраниската процедура, да им дадеме дополнителни ингеренции и да се реорганизира за да биде функционална – посочи Дурмиши.

Рече дека Министерството за економија и труд нема информации за изигрувањата што ги прават трговците во имплементацијата на Законот за нефер трговски практики.

Кога ќе излезе на терен Комисијата за заштита на конкурентност, ако забележи дека има неправилности од компаниите, нормално е дека ќе се постапува според Законот и ќе пишува казни – истакна Дурмиши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина македонскиот писател и преведувач Михаил Ренџов
Следна Статија Венера Латифи Азизи назначена за портпаролка на Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување…

July 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Биткоин доживува драстичен пад: Цената паѓа под 60.000 долари

Криптовалутата која минатата година достигна врв од 126.000 долари, сега доживува значителен пад

February 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во работна посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со својот…

June 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

МИЦКОСКИ: Нема веќе политички моќници, голобради момчиња кои купуваат трговски центри и сватови што возат Ролс ројс

Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70-тина проценти од тоа што беше предвидено и планирано. Мислам…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?