Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе ја отвори ли албанската академија пандорината кутија за формирање и други академии!!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе ја отвори ли албанската академија пандорината кутија за формирање и други академии!!
МАКЕДОНИЈА

Ќе ја отвори ли албанската академија пандорината кутија за формирање и други академии!!

Објавено October 19, 2024 17:33
Сподели
Сподели

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија.

Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат.

Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите влезат во нашиот Устав и тие не би барале своја академија по принципот „ако можат Албанците зошто да не може и за нас“?  Затоа никако не смее да се дозволи формирање на уште една академија покрај МАНУ.

Опасна е и намерата на Коалицијата „Вреди“, од чии редови се градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир кои се изјаснија дека ќе го финансираат ова здружение на граѓани– наречено „Албанска академија на науките и уметностите“.

Кој може да гарантира дека во некој иден разговор помеѓу партија од македонскиот и албанскиот блок за формирање влада нема на маса да биде ставено и барањето албанската академија да биде ставена под државна капа и финансирање?

Таков пример имаме со Универзитетот во Мала Речица кој од „див“ во деведесеттите години стана „питом“ и финансиран од државата.

На оваа тема „Република“ ја праша за мислење професорката Елка Јачева-Улчар која важи за еден од најдобите познавачи на научните и историските случувања во Македонија. Taa смета дека национална академија може да биде само една во рамките на една унитарна држава.

Постоење на повеќе национални академии, според Улчар го има во федерална  држава каква што беше поранешна Југославија.

Не постои пример во светот на постоење повеќе национални академии врз етнички принцип, освен врз струков. Доколку се направи преседан со отворање Албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии од страна на деловите од народи дефинирани според Уставот, но и на оние што во некоја блиска иднина, па и во актуелниов миг, – претендираат да се закодираат во нашиот Устав-објаснува Улчар за „Република“.

Професорката е убедена дека инсистирањето на отворање академии врз етнички принцип е лошо и опасно решение бидејќи науката,  уметноста, па и спортот не зависат од етничката припадност на поединецот, туку само и само – од квалитетот независно од етничката, родовата или верската припадност.

Опасно, зашто ваквото однесување на албанскиот политички фактор во земјава наместо да придонесува кон зближување и работа врз една заедничка национална платформа (овде под национална не мислам на етнос, туку на демос) за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, придонесува само кон повторно поларизирање, цепкање и постојано затегнати и конфликтни односи меѓу Македонците и Албанците. Во секоја цивилизирана држава на 21 век постои само eдна национална академија на науки и уметности, во кои е собран интелектуалниот и уметничкиот крем на едно општество. Отворањето Албанска академија, вака како што во моментов е замислено и финансирано на локално ниво, може да биде единствено научно друштво од локален карактер, какви што имаме веќе во повеќе градови на Македонија (Битола, Велес…) Kако што имаме една Влада, еден Парламент, еден Врховен суд, така и МАНУ е, и така треба да остане – единствена надредена  и главна научна и уметничка институција, надетничка и натпартиска. Во секој друг и поинаков случај, ќе дојде до девалвација и разнебитување на двата основни благородни столба на Академијата, а имено – науката и уметноста како возвишени дејности што на поединецот му го прават животот подостоинствен, посовршен и поубав-додава Јачева-Улчар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Саудискиот милијардер објави слика со тениските легенди, меѓу кои и Ѓоковиќ
Следна Статија Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се осветува храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во центарот на Скопје

Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека на 28 септември во 8.30 часот ќе се осветува црквата „Св. Константин…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Државата оваа година е поподготвена за справување со пожарите

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила. Тој во изјава за медиумите рече…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мефо Исмаили: Ако сте храбри, палете ги знамињата на партиите кои не донесоа до ова дереџе, а не соседот и сограѓанинот

Новинарот Мефо Исмаили во својата објава на Фејсбук вели дека палењето знамиња, пцуењето, навредувањето, храброста во толпата или зад маски…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?