Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кикбоксерот Илиоски и таеквондистката Рељиќ се најдобри македонски спортисти за 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Кикбоксерот Илиоски и таеквондистката Рељиќ се најдобри македонски спортисти за 2024 година
СПОРТ

Кикбоксерот Илиоски и таеквондистката Рељиќ се најдобри македонски спортисти за 2024 година

Објавено December 25, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година. Спортист на годината е кикбоксерот Бобан Илиоски, а спортистка на годината е таеквондистката Милијана Релиќ.

Илиоски го освои 1-то место во категоријата до 86 килограми на Европското првенство во кикбокс маитаи, одржано во Атина, додека Релиќ стигна до четвртфиналето на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Во категоријата млад спортист на годината, наградата ја доби Силвио Мировски за неговото прво место во кикбокс маитаи во категоријата до 71 килограм на Светското првенство во Будимпешта. Млада спортистка на годината е ракометарката Ива Младеновска, која со својот тим го освои 18-то место на Европското првенство што се одржа во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Најуспешен машки национален тим е ракометниот национален тим-сениори, кој го освои 17-то место на Европското првенство во Германија. Најуспешен женски национален тим е ракометниот национален тим-сениорки, кој го освои 18-то место на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Наградата за најуспешен спортист со инвалидитет ја доби стрелачката Оливера Наковска Бикова за нејзините две осми места во финалето на 10 метри воздушен пиштол и 25 метри спортски пиштол на Параолимписките игри 2024 во Париз.

Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е Кирил Лазаров, кој ја водеше ракометната репрезентација, а најуспешна национална спортска федерација е Таеквондо федерацијата.

Признанието за најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта го доби Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје, а најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта е Средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица.

Најуспешна универзитетска екипа за оваа година е машката кошаркарска екипа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Специјално признание за достоинствено претставување на земјава на олимписките игри, светските и европските првенства, Лига на шампионите и на бројни меѓународни ракометни натпревари добија ракометните судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Откритие на годината за талентиран млад спортист кадет е Теодор Стојановски, кој освои сребрен медал на Европското таеквондо првенство за кадети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ништо не е спонтано: „Блокадна кухарица“ е насловот на хрватската книга по која протестираат студентите во Белград
Следна Статија Патниците се молат – се појави снимка пред да се урне азербејџанскиот авион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара

Македонската женска ракометна репрезентација го освои првото место на меѓународниот турнир во Анкара во рамки на ЕХФ неделата, откако денеска…

December 7, 2025
СПОРТ

Анисимова се разголи (ФОТО)

Американската тенисерка Аманда Анисимова, која ја победи Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон реши да се одмори. Таа по елиминацијат…

July 20, 2026
СПОРТ

Партизан испадна, играчите плачеа

Фудбалерите на Партизан трагично беа елиминирани од квалификациите за Лигата на Европа од АЕК од Ларнака по изведувањето на пенали.…

July 18, 2025
СПОРТ

Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0

Со играч помалку, но со гол повеќе, младинската фудбалска репрезентација на Италија ги совлада врсниците од Македонија со 1:0. Натпреварот…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?