Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кои експерти ќе учествуваат во расправата за Законот за јазици пред подготвителната расправа?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кои експерти ќе учествуваат во расправата за Законот за јазици пред подготвителната расправа?
МАКЕДОНИЈА

Кои експерти ќе учествуваат во расправата за Законот за јазици пред подготвителната расправа?

Објавено December 13, 2024 12:09
Сподели
Сподели

Во јавноста не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд да одржи подготвителна седница на Законот за употреба на јазиците. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски синоќа во телевизиско интервју изјави дека е исклучително корисно одржувањето на вакви седници и дека тоа е еден од начините на кои тие ја градат довербата и ги уверуваат граѓаните во нивната непристрасност и независност. Најави дека подготвителната седница за Законот за употребата на јазиците најверојатно ќе се одржи во март откако Уставниот суд ќе го добие пријателскиот совет од Венецијанската комисија и се усогласат термините со експертите што ќе треба да допатуваат во Скопје.

-Ќе ги судриме правните аргументи. Истото важи и за пријателскиот совет што е веќе побаран од Венецијанската комисија. Точно е од Венецијанската комисија ние имаме правно мислење за законот. Но, ние употребивме друга алатка – пријателски совет и тоа може само уставни судови да го побараат во случај кога ќе утврдат некои спорни правни прашања особено во доменот на меѓународните и европските стандарди, изјави Костадиновски во интервју за ТВ 21.

Прес-конференција на новоизбраниот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
Очекува Венецијанската комисија да го донесе пријателскиот совет на мартовската сесија. Листата на учесници што би биле повикани на подготвителната седница на Уставниот суд, Костадиновски вели дека би била направена до 24-25 декември.

– Откако ќе го направиме тоа, бидејќи сум во контакт со Венецијанската комисија би сакал и нивни експерти да дојдат на подготвителната седница. Откако ќе ги утврдиме можните термини, секако ќе бидат некаде во март, да го почекаме и Венецијанскиот совет што би бил усвоен на почетокот на март, штом го добијам пријателскиот совет и кога би можеле да дојдат експертите, јас веднаш ќе ја свикам седницата, рече Костадиновски.

Тој е дециден дека тие како уставни судии немаат избор и мораат да одговорат на иницијативите.

-Ова не е прашање на желба, вели Костадиновски додавајќи дека Уставниот суд ќе донесе уставовтемелна одлука која ќе се базира на аргументи.

Костадиновски изјави и дека уставните судии се изложени на закани и на политички притисок и оти крајно време е политичарите да ги тргнат рацете од судството оти инаку нема да биде добро. Не се согласува со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во средата ништо не се случило, велејќи дека Уставниот суд донел одлука која значи продолжување на постапката.

За барањето на ДУИ за негова оставка, откако претставници на ДУИ и на Европскиот фронт формираа т.н. „стража на јазикот“, Костадиновски кажа дека нема да ги коментира партиите.

-Апсолутно не чувствувам никаква одговорност и не сакам воопшто да ги коментирам изјавите на претставници на политичките партии. Но, како претседател на Уставен суд, сум должен да реагирам во случај кога партиите ќе покажат исклучително ниска политичка култура, затоа што јас имам должност да го штитам интегритетот на Судот и функцијата што ја вршам, изјави тој.

Оцени дека ДУИ искажале многу лаги пред седницата на Уставниот суд, дека се креирала лажна атмосфера, и дека тој не можам да се натпреварува со политичарите да ги демантира нивните изјави.

-Разбираме борба за гласови, но постојат некои минимални стандарди, дури и во политичката битка постојат црвени линии. Може политичка битка, но не преку грбот на Уставниот суд. Играњето со чувствата на граѓаните е многу опасна работа. Уставниот суд беше наречен параполитичка организација, јас лично трпев навреди. Беа изнесени дузина лаги за етничко надгласување, за мајоризација, за моноетничко одлучување, за извршување на политички одлуки, и такви лаги се опасни во општество како што е нашето. Очигледно некои луѓе не сакаат да научат, рече Костадиновски.

Тој смета дека недовербата на граѓаните не е само во правосудството, туку во целокупниот институционален систем и тоа поради пресилната политизација на се.

-Затоа со индигнација ги отфрлам сите обиди нашите одлуки да бидат оквалификувани како политички и етнички. Тие се само уставно – правно втемелени, рече Костадиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова инвестиција: Мицкоски на поставување на камен темелник на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
Следна Статија Мицкоски по акцијата во РЕК Битола и Осломеј: Продолжува борбата со криминалот, во период што следи ќе има десетици вакви случаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка по повод 23 октомври: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот

Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба. На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?