Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП бара да се забрани „Тик-Ток“ поради опасниот предизвик во којшто повредени се деца во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП бара да се забрани „Тик-Ток“ поради опасниот предизвик во којшто повредени се деца во Македонија
ПОЛИТИКА

ЛДП бара да се забрани „Тик-Ток“ поради опасниот предизвик во којшто повредени се деца во Македонија

Објавено December 7, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Либерално-демократската партија најостро го осудува неодговорното и неконтролирано ширење на содржини на социјалните мрежи, како што е последниот ТикТок „предизвик“, познат како „Супермен“, кој само во последните 24 часа резултираше со повреди кај уште шест деца во Скопје и други градови низ Македонија.

Од партијата потсетуваат дека најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години.

„Овие податоци не се само загрижувачки, туку алармантни. Децата, нашата најранлива категорија, стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи.

Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници. Ова е директен удар врз нашата колективна одговорност како политички партии, како родители, како институции, но и генерално, како општество.

ЛДП потсетува на предлогот кој минатата година го достави до Министерството за образование и наука непосредно по немилите настани во соседна Србија, а со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржините кои поттикнуваат насилство.

Затоа, бараме итно регулирање на содржините на социјалните мрежи со воведување на мерки за забрана на оние кои поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и воведување санкции за платформи кои овозможуваат опасни содржини достапни за малолетници.

Време е да се освестиме како општество и да не дозволиме уште едно дете да биде жртва на вакви опасни игри. Нашите најмлади заслужуваат детство исполнето со радост, а не со страв и последици од несреќни трендови“, велат од ЛДП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мекларен го освои првиот ред во Абу Даби – Норис е на пол позицијата
Следна Статија Илон Маск во кампањата на Трамп донирал 259 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Левица го кандидира Мециновиќ за градоначалник на Скопје

Партијата Левица денеска соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе биде нивен кандидат за градоначалник на град Скопје. -На овие избори…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ

Опозициската СДСМ денеска соопшти дека фирма со само тројца вработени за два месеци добила тендери од Владата од 74 милиони…

December 17, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Кампањата ја почнуваме со садење дрвја како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?