„Летачот на орли“ е во Лесковац: Таткото на Гранит Џака лежел во српски затвор за екстремизам

- Advertisement -

Албанскиот фудбалер во дресот на швајцарската репрезентација Гранит Џака е во Лесковац каде во овие моменти игра меч против Србија.

Тој е познат како „летачот на орли“ и по по недоличното однесување кон Србија и Србите.

Кој е Гранит Џака

Малкумина знаат зошто толку омраза кај него кон Србија и се што е српско.

Таткто на Гранит, Рагип Џака беше еден од албанските сепаратистички дисиденти од 1980-тите и меѓу првите Албанци кои извикуваа „Република Косово“.

Џака постариот беше уапсен на 22-годишна возраст бидејќи протестирал против властите и повика на обединување на сите Албанци во една земја и создавање на голема Албанија во 1986 година, а одредено време помина во затвор во Белград. Поточно, тој е осуден на шест години затвор за пароли против тогашниот систем

Сподели ја оваа статија