Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лога го испразнил кабинетот пред заминување: Си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лога го испразнил кабинетот пред заминување: Си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК
ПОЛИТИКА

Лога го испразнил кабинетот пред заминување: Си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК

Објавено October 16, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда. Нагласи дека за ова во тек е постапка и дека ќе се бара одговорност.

– Судскиот совет и Јавното обвинителство мора да бидат ослободени од каква било форма на политичко мешање, функционирајќи единствено во служба на правдата. Овие тела ќе бидат реформирани за да работат со најголем интегритет, фокусирајќи се на професионалноста и строгото почитување на владеење на правото. Голем предизвик во реализација на оваа активност претставува фактот дека Министерството за правда не располага со толку споменуваниот документ со препораките од Оценската мисија на Европската комисија по однос на Судскиот совет. Иако документот е класифицирана информација, истиот бил земен од мојот претходник, заради што Министерството не располага со истиот, појасни Филков.

Како резултат на тоа, тие биле принудени да се потпираат на електронски верзии, само на дел од документот што ги содржи исклучиво препораките без соодветните образложенија и официјалниот допис на Европската комисија.

Осврнувајќи се на сработеното во првите 100 дена, министерот посочи дека го презел Министерството без примопредавање и со испразнет кабинет од потребната документација, но со тукушто набавени чадори, маици, торби, чаши и други предмети, секој во количина од над 200 парчиња. Фактурата за сите овие работи била во износ од 956 илјади денари, но неплатена.

– Затекнав сериозно испразнети финансиски ресурси. Непостоење на евиденција за добивање и користење мобилни телефонски уреди, лаптопи и електрични скутери од страна на провајдерот, што укажува на персонификација на мојот претходник со институцијата – Министерство за правда. Нефункционален возен парк. И слободно можам да кажам девастирана функционалност на самото Министерство, рече Филков.

Додаде дека затекнал целосно празни подрачни одделенија на Министерството во Скопје, а во централниот и источниот дел од државата бројни необработени предмети за бесплатна правна помош и несоодветни услови за работа.

Наспроти тоа, подрачните одделенија на Министерството во одредени градови, располагаат со по десетици вработени лица и минорен број предмети за бесплатна правна помош. Ова укажува на крајната нерационалност при креирањето на политиката за вработување во Министерството, што сериозно го нарушува целиот концепт на бесплатна правна помош во земјата. Оваа состојба е констатирана и од страна на Советот на Европа и се очекуваат итни чекори во надминување на проблемите со недостаток на вработените лица за бесплатна правна помош, подвлече Филков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите
Следна Статија Сведоштво на началник од МВР: Таткото на Вања постојано велеше дека таа е киднапирана и убиена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со измислување клевети, велат од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не.…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе одлучат кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат

Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ги повикувам луѓето да излезат во…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбол на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави визионерски план за пренамена на Градскиот…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

За Скопје поднесени 18 листи на кандидати за градоначалник и 20 листи за советници

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?