Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mилевски пред мечот со Летонија: Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Mилевски пред мечот со Летонија: Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции
СПОРТ

Mилевски пред мечот со Летонија: Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции

Објавено November 12, 2025 16:35
Сподели
Сподели

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа очекувањата за пријателски натпревар против Летонија.

„Црвено-жолтите“ утревечер од 18 часот ќе ја пречекаат летонската селекција во пресрет на завршницата од мундијалските квалификации и дуелот против Велс во Кардиф.

-Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и пошироката слика на Македонија, мораме да размислуваме и за иднината. Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари, рече Милевски на денешната прес-конференција.

Фудбалската федерација на Македонија за утрешниот пријателски натпревар со Летонија донесе одлука за бесплатен влез на трибините на Националната Арена, како еден знак на благодарност до навивачите за поддршката која ја дадоа во овој квалификациски циклус.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Криволовци го застрелале пријателот, ќе одговараат за убиство од небрежност
Следна Статија Инспекторите од ДЗСИ не нашле пропусти во медицинската документација при третманот на Елена Ѓорѓиевска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо

Комплетирано е третото коло во Лигата на шампионите. Максимален учинок досега имаат само шампион Пари Сен Жермен, финалистот од минатата…

October 23, 2025
СПОРТ

Македонија победник на европското е-спорт првенство во Дота 2!

Македонија е шампион во видеоиграта „Dota 2“! Нашите момци на натпреварувањето што се одржа во Приштина го освоија првото место,…

July 14, 2025
СПОРТ

Дејан Манасков се повлекува од репрезентацијата поради нарушени односи со Лазаров!

Ракометниот репрезентативец Дејан Манасков објави дека повеќе нема да настапува за македонската ракометна репрезентација. Веста ја соопшти преку објава на…

October 25, 2025
СПОРТ

Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?