Игор Ангеловски последниот селекторски ангажман го имаше како предводник на националната репрезентација на Македонија, а откако оствари огромен успех со пласманот на историското Европско првенство, во следните неколку години беше активен на клупски план.
Популарниот Мрме работеше во Горица, Каспиј и Етникос во изминатите четири години, но сега повторно ќе се испроба во улога на селектор, и тоа далеку од Европа.
Искусниот 49-годишен стручњак го прифати предизвикот да води селекција од Азија, па во иднина ќе биде селектор на Таџикистан.
