Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан
ХРОНИКА

Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан

Објавено October 14, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Зорица Ѓорчевска денеска пред судот рече дека не ги познава обвинетите за свирепото убиство на нејзината 14-годишна ќерка Вања што се случи лани во ноември.

Таа објасни како го поделиле имотот со поранешниот сопруг Александар.

– Настанот се случи на улица Наум Наумовски Борче бр. 87, два месеци живеевме во тој стан, од 10 септември. Претходно живеев во стан на улица Славе Деловски, кој беше моја сопственост. Станот на Наумовски Борче во моментот беше на Александар, претходно беше мој, татко ми ми го препиша – рече Зорица Ѓорчевска.

На прашањето зошто му го дала станот на Александар, Зорица рече дека не може да каже конкретно.

– Јас имав два стана, тој бараше еден да биде на негово име, за ако некому од нас нешто му се случи, да останат за децата. Во 2018 година станот му го префрлив на Александар. Потоа децата сакаа да живеат во тој стан и јас како старател побарав станот да се префрли на име на децата. Постапката почна, едниот стан на едното дете, другиот на другото дете. Нотарската заверка никогаш не беше завршена, тој се повлекуваше, ретерираше. Кога се преселивме, јас инсистирав да се доврши постапката. Јас го користев станот, почнав да го уредувам, да го преградувам, нарачавме мебел и се преселивме на 10 септември. Претходно беше даден под кирија, а киријата ја земаше Александар – рече Ѓорчевска.

Таа додаде дека во нејзина сопственост има станови во Капиштец и во Аеродром, како и мал стан во Охрид, кои ги наследила од нејзините родители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре почнува грејната сезона, но не за сите: Учениците во Карпош ќе се смрзнуваат до 1 Ноември
Следна Статија Група разбојници за неколку моменти ограбија воз во Чикаго (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Прегазена скопјанка, со тешки повреди пренесена на Клиника

На 27.11.2024 во 08:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје патничко возило „фолксваген пасат“…

November 28, 2024
ХРОНИКА

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Уапсен млад кавадарчанец – со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило

Приведен бил 24-годишен кавадарчанец, кој со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, соопштија утрово од Секторот за внатрешни работи…

November 15, 2025
ХРОНИКА

Обвинителката Стојковиќ за таткото на Вања: Немавме докази „во форма каква што би посакале“

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска по пресуата даде изјава во која најави жалба на ослободителната пресуда за таткото на убиената Вања…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?