Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи
МАКЕДОНИЈА

Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи

Објавено October 4, 2024 19:53
Сподели
Сподели

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп, вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа.

Животите ги загубија на патот Прилеп-Битола патувајќи на работа во болницата „Плодност“.

Денес таму се одржа комеморација, на која присуствуваа нивните колеги, членови на семејствата и познаници.

На комеморацијата се обрати и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој исто така е доктор по професија.

Тој вчера, по несреќата, напиша:

Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол. Во оваа прилика сакам да изразам сочуство до семејствата за нивната огромна загуба и болка, напиша градоначалникот.

Во Прилеп e прогласен Ден на жалост, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати
Следна Статија Шпорет за готвење во природа – наградена македонска иновација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ахмети повика на протест „Јас сум УЧК“ утре на плоштадот Скендербег во Скопје

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку објава на „Фејсбук“ повика на протест, кој ќе се одржи утре, 13 декември, во…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Државата оваа година е поподготвена за справување со пожарите

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила. Тој во изјава за медиумите рече…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Toшковски: Од 120.000 прекршоци пред два месеци дојдовме на 500

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се обрати на македонските граѓани по повод започнувањето на проектот „Безбеден град“. Тој…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска во 2026 година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери

Шеесет функционери, десет судии, десет јавни обвинители, десет пратеници, десет министри, десет градоначалници и десет лица на кои во 2025…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?