Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург
МАКЕДОНИЈА

Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург

Објавено December 21, 2024 21:56
Сподели
Сподели

Покрај двајцата лекари од Македонија на кои јавно им се заблагодари македонската амбасада во Берлин меѓу хероите кои вчера спасувале животи по терористичкиот напад во Магдебург има и една жена лекар од Македонија пренесува експрес.мк.

Елена Михајловска е лекар анестезиолог која вчера не била на смена но доброволно отишла да помогне на тријажа на над 70 тешко поведени луѓе кои беа прегазени на Божиќниот панаѓур во Магдебург.

Извори во македонската заедница во Магдебург велат скромната Елена е по потекло од скопското село Стајковци а пред заминување за Германија работела на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) на скопскиот клинички центар.

Анестезиологот Михајловска самата сакала да го посети Божиќниот панаѓур во Магдебург а кога разбрала што се случило веднаш се упатила да им помогне на своите колеги во болницата каде биле примени најголем дел од повредените во терористичкиот напад.

Македонската амбасада во Германија вчера објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар во овој германски град.

-Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец
Следна Статија Властите го товарат напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург за пет убиства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле грешка

Министерот за здравство Арбен Таравари нема намера да ги разреши директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“. Денеска на…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски бил опериран, се јави од болница

Министерот Панче Тошковски, кој во последниот период видливо отсуствуваше од јавноста, се јави денес од болница. На својот Фејсбук профил…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повторно вандализам во Капиштец: Малолетници фрлаа петарди, кршеа се пред себе, се тепаа, Герасимовски бара итна реакција од полицијата (ВИДЕО)

Mалолетници синоќа повторно се однесувале вандалски во населбата Капиштец. Група малолетници кршеле шишиња, фрлале петарди и предизвикувале тепачки, со што…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош,…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?