Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли
ЕКОНОМИЈА

Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли

Објавено February 2, 2025 09:31
Сподели
Сподели

По бојкот за пазарење во маркетите во петокот што за првпат се реализираше во земјава по примерот на Хрватска и други земји во регионот, најголемите трговски ланци забележаа пад на прометот за речиси 50 отсто. Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот промет во осумте поголеми трговски ланци во земјава бил намален за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок, а за 46,29 проценти во однос на четвртокот. Надлежните институции уверуваат дека инспекторите се на терен и повеќе детали најавуваат за утре.

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека ќе продолжат со мониторирање и анализа, како и навремено информирање на јавноста за сите поважни податоци.

Податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажуваат дека вчера 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари, информираа вчера од УЈП.

По примерот на Хрватска и уште неколку држави во петокот во земјава граѓаните се приклучија на повикот од социјалните мрежи да не пазари во маркетите поради високите цени на основните прехранбени производи. Бојкотот го поддржаа и од Владата и дел од политичките партии.

Податоците од Бизнис мрежа покажаа дека седумте најголеми трговски ланци на маркети во земјава во 2023 година оствариле вкупни приходи во износ од 930 милиони евра. На водечката позиција, меѓу нив се маркетите „Веро“ кои заработиле над 10 милиони евра што е речиси 13 отсто повеќе во споредба со претходната година. На второ место се „Кам маркети“ со заработка од 7,3 милиони евра. Меѓу оние со големи профити е и „Кипер“ кој заработил 5,5 милиони евра, а по него е „Стокомак“ со профит од четири милиони евра. Вива-Фреш (поранешен Кит-Го) е со слична добивка како Кипер. Рамстор имал добивка од два ипол милиони евра, а Тинекс 1,4 милиони.

Од Владата, од каде за понеделник најавуваат повеќе детали од направените контроли, сметаат дека решението за високите цени на прехранбените производи треба да се бараат низ дијалог меѓу производителите и трговците и апелираат да се почитува Законот за нефер трговски практики.

Се прави детална анализа, повеќе информации ќе можам да споделам со јавноста од понеделник. Но, можам да кажам дека делот од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме. Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, изјави вчера Мицкоски при посетата на Кочани.

Драконски казни доколку не се почитува Законот за нефер трговски практики и сите останати закони, во петокот најави и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која апелираше до сите трговци да ги почитуваат законите, затоа што вели, не може да се скријат финансиските трансакции и кога тогаш тие ќе бидат откриени од инспекторите.

Точно е тоа дека во овој период одредени институции поради лимитираните капацитети не можеа да излезат и да ги исконтролираат состојбите, но кога станува збор за пари и финансиски трансакции, се останува вечно. Тоа значи дека на пример можеме и по 12 месеци да направиме контрола и доколку утврдиме неправилности, ќе следуваат казни. Затоа апелирам до сите компании во државата да се почитуваат законите бидејки во некој момент некоја од институциите ќе излезе на терен и ќе направи контрола по што ќе следат драконски казни, изјави Димитриска-Кочоска.

Решението за порастот на цените, и според Стопанската комора на Македонија, треба да се бара во дијалогот меѓу производителите и трговците.

Ние ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение за тоа и со останатите чинители, изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во петокот.

Порастот на цените се одрази и на вредноста на минималната синдикална кошничка која во јануари изнесуваше 63.252 денари и кај која има зголемување за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. За само една година минималните трошоци на едно четиричлено семејство се зголемени за 6.089 денари или за 10,63 проценти.

Сите овие показатели, според Сојузот на синдикати на Македонија, се доволен аргумент за зголемување на минималната плата и сите останати плати за што ќе се разговара утре на седница на Економско-социјалниот совет. Премиерот Мицкоски најави дека в понеделник на седницата ќе презентира, како што рече, „вистински цени“ од производи од потрошувачката кошница, бидејќи според него се манипулирало при пресметката од страна на поранешни функционери од СДСМ.

Најновите статистички податоци покажуваат дека трошоците на живот во 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 3,5 проценти, а цените на мало од 3,8 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бримора: Македонија и Бугарија да покажат добра волја и да најдат компромис прифатлив за двете страни
Следна Статија Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Во новата година очекуваме подобри резултати втемелени на нашиот концепт заснован на инвестиции

Минситерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека политиките што ги спроведува новата Влада на крајот на оваа година да донесат…

January 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Од 1-ви јули намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите царински стапки и тие во ЕУ

Владата на последната седница усвои предлог закон за измени и дополнувања на законот за царинска тарифа со што се врши…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Средствата за повисоки пензии се обезбедени, нема да има никакви турбуленции во Пензискиот фонд

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, рече дека…

October 7, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?