Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс
ЗАБАВА

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Објавено October 14, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи!

Настапот на Србиновска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“.

Во саботата, публиката можеше да го проследи официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 и да сведочи на спектакл кој не се опишува. Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи, создавајќи спектакуларно шоу на движење, ритам и креативност. Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое извесе незаборавен перформанс на народни игри и ора од Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес”
Следна Статија Светската банка: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Фото) Обожавателка ја праша Северина кога ќе почне да се облекува според нејзините години: одговорот на пејачката ги насмеа фановите

Северина објави преписка со обожавател на својот инстаграм-профил, а одговорот на пејачката насмеа многумина. Обожавателот ја праша 53-годишната пејачка кога…

August 15, 2025
ЗАБАВА

Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу успех во игри на среќа во октомври?

Во овој период, движењата на Јупитер, Венера и Марс создаваат уникатни услови за добивка преку игри на среќа, лотарии и…

September 22, 2025

Апл подготвува повеќе од 20 нови производи оваа година

2026 година ветува да биде уште една зафатена година за Апл, со најавени повеќе од 20 нови производи во текот…

January 27, 2026
ЗАБАВА

Бекам ќе добие титула витез

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?